мк      en      sq
пребарај
СООПШТЕНИЕ
По повод случајот на осомничениот родител за полов напад врз своите три малолетни ќерки, објавен во медиумите на 25.08.2010

.......................................................

Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
11-17 Септември, 2010 год
Хотел „Белведере“ Охрид
АПЛИКАЦИЈА

.......................................................

Европски суд за човекови права
СТРАЗБУР
10 јуни 2010

Случај:
Томислав Спасовски против Република Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија.

.......................................................

На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
ПРОЕКТИ
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“
12-ти април, Дом на АРМ - Скопје
Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава.

.......................................................

ПРОЕКТ
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој
Прашалникот можете да го симнете ТУКА
Општо прифатени дефиниции за облици на дискриминација
Распоред
Агенда

.......................................................

Забелешки на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација
Изработени од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија
Забелешки на предлог - Закон за здруженија и фондации

.......................................................

Охрид, 12-19 Јануари 2010 година

Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран.

.......................................................


Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

.......................................................

СООПШТЕНИЕ

20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Анализа
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

.......................................................

.......................................................

Извештај на Стејт департментот за човековите права
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.

.......................................................

60 години од Универзалната декларација за човековите права
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година.
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал.
Амнести интернешенел за Македонија:
Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права.
Извештај "Граѓански засновани анализи"

Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата

пријави се за e-mail вести
e-mail адреса:
 
Организација   |   Стратегија

СТРАТЕГИЈА НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Мисија

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) е невладина организација за промоција и заштита на човековите права, без политичка и религиозна ориентација. Целноста на постоењето на МХК е (i) зголемување на свеста за концептот на човековите права и базични слободи втемелен во Универзалната декларација за човековите права, двата меѓународни пакта (за граѓанските и политичките и за социјалните, економските и културните права), Европската конвенција за човековите права и базични слободи и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година; (ii) градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат и (iii) стимулирање на поголемата заштита во нивното остварување.

МХК врши мониторинг на состојбата со човековите права, пружа правна помош на граѓаните во случаите на повреда или ограничување на правата и слободите, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето и заштитата на човековите права и слободи.

Визија

Визија на МХК е дека сите луѓе треба да имаат можност да ги практикуваат нивните базични права и слободи и да имаат можност да ги заштита во случај на нивно прекршување или ограничување. Ова претставува основа на демократскиот развој и гаранција на мирот на национално, регионално и светско ниво.


Цели, програми и активности

МХК настојува да придонесе за зголемување на почитувањето на човековите права и слободи и подобрување на условите за нивно практикување и заштита, со што придонесува за развојот на демократијата и обезбедувањето на мирот. Од фундаментално значење за достигнување на ова е развој кој ќе се базира на почитување на базичните човекови права и слободи и ќе биде насочен кон нивно натамошно промовирање и заштита, како и изградба на таков државен систем кој ќе се базира на владеењето на правото и на изградбата на конзистентен систем за контрола и санкционирање на повредите на човековите права и слободи. Со цел да се оствари сопствената мисија и визија ние имаме пет генерални цели кои ќе ги определуваат нашите активности.

1.  Заштита од дискриминација

Генерална цел:

Тргнуваме од ставот дека сите луѓе се еднакви пред законот и имаат право на еднаква заштита со закон без никаква дискриминација. Во оваа смисла законот треба да ја забрани било која дискриминација и да им гарантира на сите лица еднаква и ефективна заштита од дискриминација врз било која основа. Генералната цел на национално ниво е внесување такви промени во легислативата кои ќе овозможат потполна имплементација на меѓународните стандарди во оваа област. Стратешка цел на МХК е натамошно институционално зајакнување на државата и создавање практични предуслови за идентификување на дискриминацијата, за ограничување и  санкционирање на случаите на дискриминација.

Посебни цели:

1.1 Донесување на Закон за недиксриминација и соодветно прилагодување на другите законски и подзаконски акти

Активности: Во моментот е изработен предлог на Закон за недискриминација кој ги помина фазите на широка јавна расправа и доби поддршка од одреден број парламентарци. Претстои: процес на лобирање за негово конечно усвојување; донесување на Законот за комисија за недиксриминација; анализа на постојните закони од  аспект на постоење дискриминаторски одредби; прилагодување на другите закони и подзаконските акти кон одредбите на овој закон. Во периодот по донесувањето на законот потребен е сериозен ангажман на промоција на истиот (медиумско претставување, дебати, анализи) и подигање на свеста кај населението за можностите кои ги дава. Очекуваме дека процесот на донесување на самиот закон и на останатите законски промени може да наиде на пречки за чие надминување најверојатно ќе биде потребно посредно и непосредно влијание од страна на претставници на меѓународните организации во и надвор од државата. Посебно значајна ќе биде и билатералната поддршка во овој процес од страна на државите членки на ЕУ.

1.2 Мониторинг и застапување

На ниво на поширока заедница, невладини организации, па и на експертско ниво, се уште не постои соодветно познавање на проблематиката на дискриминацијата и препознавање како на директната така и на индиректната дискриминација. Во вакви услови мониторингот и застапувањето на граѓаните во врска со дискриминацијата има повеќекратно значење:

  • идентификување на случаи на дискриминација
  • сензибилизирање на различни групи и структури за случаите на дискриминација
  • поттикнување на реакција од страна на дискриминираните и од страна на пошироката заедница
  • едукација и сензибилизирање на медиумите
  • промовирање системски и институционални решенија кои ќе овозможат реакција и санкционирање на случаите на дискриминација

Мониторингот и застапувањето ќе бидат посебно концентрирани на маргинализираните и социјално ексклудирани групи кои се предмет на систематска дискриминација. Ова значи и работа со владини и невладини организации и со пошироката јавност, на проширување на сфаѓањето за тоа кои групи се маргинализирани и посебните облици на дискриминација на која се изложени претставниците на секоја од овие групи.

1.3 Поддршка, тренинг и едукација

МХЦ ќе соработува и ќе учествува во обуки на различни невладини организации кои работат во областа на човековите права, на полето на недискриминацијата и поддршката на активности насочени кон ограничување и санкционирање на дискриминаторски активности.

МХЦ непосредно ќе ги поддржува организациите кои работат со конкретни маргинализирани групи и ќе учествува во нивонот зајакнување (како преку обуки и тренинзи, така и со директно учество во заеднички активности и настапи).

Во рамките на сите проекти кои се бават со едукација на различни целни групи (деца, професори, државни службеници, адвокати) ќе биде вклопена димензијата на недискриминација и ќе бидат формулирани посебни образовни содржини од оваа област.

2.  Зајакнување на владеењето на правото

Генерална цел:

Тргнуваме од ставот дека владеењето на правото не е само формален легалитет кој ја овозможува регуларноста и конзистентноста во демократскиот систем, туку правда базирана на препознавањето и потполното прифаќање на највисоката вредност на човечката личност и гарантирана од страна на институциите кои обезбедуваат рамки за нејзино потполно изразување. Значаен аспект на владеењето на правото претставува ограничувањето на политичката моќ со закон, еднаквото важење на законите, контролните механизми и достапноста на правдата за сите. Генералната цел во оваа смисла е обезбедување на достап до правдата на што е можно поголем број луѓе.

Посебни цели

2.1. Зголемување на свеста и препознавање на човековите права и владеењето на правото

МХЦ ќе пласира информации во јавноста за меѓународните стандарди, за правилата на добрата администрација и искуствата на другите држави во областа на владеењето на правото. Секој случај на кој работи МХЦ (а кој ќе биде дел од извештаите или посебните анализи на комитетот) ќе биде искористен за запознавање на јавноста со недоследностите во примената на законите, пропустите на администрацијата или со механизми за заштита кои можат да бидат употребени. Посебно внимание ќе се посвети на имплементацијата на меѓународните стандарди во националното законодавство и потребите од промени во легислативата со цел хармонизирање со овие стандарди.

МХЦ ќе работи на изработка на едукативни материјали  за студенти, правници, адвокати и судии кои ќе им овозможат запознавање со меѓународните стандарди во оваа област и ќе им послужат како алатки во нивната натамошна работа. МХЦ исто така ќе работи на изработка на брошури и упатства за посебни целни групи (млади, чувствителни групи) кои ќе го приближат правото и законите до овие групи и ќе им овозможат полесен простап до механизмите на заштита во случај на повреда на нивните права.

Изработката на секој од овие материјали ќе биде проследена со едукација за нивната примена.

2.2. Зголемување на отчетноста и одговорноста на носителите на власта

Отчетноста и одговорноста на државните службеници и на носителите на власта во Република Македонија е на многу ниско ниво. Континуираната партизација на администрацијата и на сите сегменти на власта, водат до воспоставување на канали на партиска зависност и одговорност, наместо на владеење на правото и промена на законите.      Една од основните дејности на МХЦ и понатаму ќе биде идентификување на незаконското работење на државните органи, изнесување пред јавноста на случаите, нивна анализа и посочување на легалните механизми кои можат да бидат употребени со цел заштитата на правата на граѓаните и санкционирање на повредите направени од страна на државните органи.

Посебно внимание ќе биде посветено на работата на новите контролни механизми и институции кои им стојат на располагање на граѓаните (Уставниот суд, канцеларијата на Народниот правобранител, Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите права, ad hoc комисиите кои работат на конкретни случаи на прекршување на правата на граѓаните, Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи, управата за следење на извршувањето на санкции при Министерството за правда, Антикорупциската комисија, инспекторатите и други тела кои за задача имаат контрола и поведеување постапки за одговорност на поретставници на државната власт и администрација). Работата на МХЦ ќе се состои во поддршка на овие институции во нивната работа и во идентификување и сигнализирање на пропустите во нивната работа кои можат да го загрозат соодветното остварување на нивната базична функција.

2.3. Пружање бесплатна правна помош и консултации.

МХЦ ќе продолжи со

пружањето бесплатна правна помош (упатување на граѓаните кои ќе се обратат до комитетот на соодветните институции и механизми кои им стојат на располагање),

работа со адвокати и пружање помош во примената на меѓународните договори во тужбите, жалбите и другите интервенции пред соодветните правосудни и административни органи,

пружање помош на други невладини организации или заеднички настап за конкретни случаи,

директни интервенции до државните и правосудните органи во врска со конкретни случаи,

директно застапување на странки пред судовите и пред државните органи (во селектиран број на случаи на поголеми повреди на човековите права или во типски случаи на повторено повредување),

иницирање случаи пред Уставниот суд на Република Македонија, Постојаната анкетна комисија и Народниот правобранител

иницирање случаи пред Европскиот суд за човекови права и пружање помош на странки за самостојно иницирање на случаи.

3. Зајакнување на економските и социјалните права

ГЕНЕРАЛНА ЦЕЛ:

Тргнуваме од ставот дека големата сиромаштија го оневозможува или ограничува практикувањето на граѓанските, културните, економските, политичките и социјалните права; и дека сиромаштијата во себе ја содржи дискриминацијата како суштестевн елемент и значи апсолутна несигурност на човекот по сите можни основи на општественото живеење. Заради ова, работата на промоцијата и заштитата на базичните граѓански и политички слободи и права е нераскинливо поврзана со зајакнување на економските и социјалните права.

Елементарниот недостаток на храна, кров над глава, здравствена и социјална заштита, во Република Македонија, претставува најотворена повреда на достоинството и вредноста на човекот, и за голем дел од населението ја прави беспредметна расправата за културните, образовните, малцинските, развојните, политичките и граѓанските права.

Дел од граѓаните на Република Македонија се доведени во ситуација на таква сиромаштија која се манифестира како потполна зависност, беспомошност, изложеност на самоволието на секој политичар и подложност на искористување од најнизок вид. Тие се доведени во ситуација да не го почитуваат законот, да ја хранат корупцијата, да го овозможуваат непотизмот, да го прифата партиското припаѓање како единствен начин да преживеат, и да се задоволат со моментални изливи на револт кои завршуваат во уште поголема апатија.

ПОСЕБНИ ЦЕЛИ:

3.1. Зголемување на свеста и препознавање на зависноста на практикувањето и заштитата на човековите права од нивото на сиромаштија на населението

МХЦ ќе продолжи со изработката на посебни анализи и извештаи поврзани со односот меѓу сиромаштијата и практикувањето и заштитата на човековите права (посебно достапноста на правдата и ефективните поравни лекови).

Посебно внимание ќе биде посветено на годишната анализа на буџетот на државата од аспект на борбата со сиромаштијата и дистрибуцијата на буџетските фондови во зависност од критичните места за подигање на вработеноста и, стандардот, социјалната заштита и заштитата на децата.

3.2. Мониторинг на имплементација на меѓународните стандарди во легислативата и во практиката

МХЦ ќе врши мониторинг на законската и подзаконската регулатива од аспект на имплементација на меѓународните стандарди на еконосмките и социјалните права.

МХЦ ќе врши и мониторинг на примената на законските одредби и заштитни механизми од областа на работното законодавство во претпријатија државни институции и приватни фирми.

Посебно внимание ќе се посвети на подигање на свеста кај граѓаните и кај носителите на власта за обврските кои државата ги превзела со ратификацијата на Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права, Европската социјална повелба и другите релевантни меѓународни договори.

Во наредниот период ќе започне со организирана кампања и лобирање за потпишување и ратификација на Ревидираната Европска повелба за социјалните и економски права.

3.3. Бесплатна правна помош во заштита на економските и социјалните права

МХЦ ќе пружа бесплатна правна помош и ќе врши директно застапување во случаи на прекршување и ограничување на работните, економските и социјалните права (посебно на жени, постари лица, лица со хендикеп и деца).

4. Промоција на слободата на уверување и религија

ГЕНЕРАЛНА ЦЕЛ:

Тргнуваме од ставот дека секој има слобода на мислата уверувањето и вероисповеста, вклучувајќи го и правото на промена на уверувањето и вероисповеста. Слободата на уверувањето и вероисповеста претставува исклучително значаен елемент на демократизацијата, посебно во услови на мултикултурни и традиционално мултиконфесионални општества како што е Република Македонија. Генерална заложба на национално ниво е потполна десекуларизацијата на државата и создавање услови за слободно индивидуално и во заедница практикување на уверувањето и вероисповеста гарантирано со соодветна законска регулатива и институционално делување.

ПОСЕБНИ ЦЕЛИ:

4.1. Работа на имплементација на меѓународните стандарди во националната легислатива

МХЦ ќе работи на имплементација на одредбите на меѓународната регулатива кои се однесуваат на слободата на уверувањето во националните закони. Посебно ќе инсистира на вклучување на сите регистрирани верски заедници и религиозни групи во изработката на новата законска регулатива.

Во случај на опстојување во новиот закон за верските заедници и религиозни групи на решенија и членови  кои се спротивни на прифатените меѓународни стандарди МХЦ повторно ќе ги постави пред Уставниот суд или ќе ги проследи до Европскиот суд за човекови права.

МХЦ ќе инсистира на измени во Уставот на Република Македонија во членот 19 во кој поименично се спомнуваат пет верски заедници со што се имплицира дискриминирана поставеност на останатите верски заедници и религиозни групи.

4.2. Мониторинг на практикувањето и заштитата на слободата на уверувањето

МХЦ ќе продолжи со мониторингот на остварувањето на слободата на уверувањето (индивидуално и во рамките на верските заедници и религиозни групи). Посебно внимание и понатаму ќе се посветува на улогата на државата во создавањето услови за остварување на ова право и на функционирањето на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

МХЦ ќе интервенира пред државните органи во случаите на ограничување или прекршување на ова право и ќе им пружи правна помош на граѓаните и организациите во функција на негова заштита.

4.3. Зголемување на свеста и препознавање на  слободата на уверување како базично човеково право

МХЦ ќе ја продолжи работата на организирање тркалезни маси, расправи и конференции поврзани со слободата на уверувањето и вероисповеста и ќе учествува во работата на вакви собири организирани од страна на други невладини организации или одделни верски заедници и религиозни групи.

Комитетот ќе се вклучи во сите расправи кои се водат во врска со образованието и религијата и иницијативите за влез на веронауката во формалното образование.

МХЦ (преку своите извештаи и соопштенија) ќе сигнализира повреди на слободата на уверувањето и вероисповеста и ќе посочува начини за надминување на ваквите практики.

5. Зајакнување на слободата на изразување

ГЕНЕРАЛНА ЦЕЛ:

Тргнуваме од ставот дека секој има право на слобода на изразувањето вклучувајќи го и правото на комуницирање и информирање. Правото подразбира слобода на изнесување мислење и добивање и давање информации и идеи, без вмешување од страна на јавните власти и без оглед на границите. Ограничувањето на ова право може да биде предмет само на такви ограничувања кои се предвидени во законот и се во согласност со меѓународните стандарди. Генералната цел е зајакнување на правото да се искаже сопственото мислење, да се даваат и добиваат информации и да се зголеми достапот на луѓето до сите потребни информации.

ПОСЕБНИ ЦЕЛИ:

5.1.   Зголемување на свеста на граѓаните за значењето на слободата на изразување и можноста за добивање и давање информации.

Преку сопствените извештаи, соопштенија и анализи, МХЦ ќе пласира што е можно повеќе информации кои на граѓаните ќе им помогнат во практикувањето и заштитата на нивните права и слободи. Во исто време МХЦ остро ќе реагира на секој обид за ограничување на слободата на изразување која не е предвидена во закон и неопходна во едно демократско општество.

Посебно внимание комитетот ќе посвети на примената на новата легислатива која се однесува на достапот на информации и заштитата на слободата на изразување.

МХЦ ќе продолжи да работи на демократизација на медиумскиот простор и промоција на разновидноста и плуралитетот на медиумите кои се присутни во Република Македонија. Ова подразбира како постоење на медиуми на јазиците на различни етнички заедници, така и воедначено присуство на информациите за одделни етнички заедници така и достап до релевантните информации на сите граѓани во Република Македонија.

5.2.   Подобрување на професионалноста во новинарството и  законите за медиумите 

МХЦ ќе учествува во едукација на новинарите (посебно за прашањата на човековите права и слободи) која ја организираат специјализираните институции и организации и ќе иницира сопствени тренинзи и семинари поврзани со конкретни права или прекршување на права на одделни чувствителни групи.

МХЦ ќе сигнализира нарушување на слободата на изразување (поврзано со случаи кои се водт пред судовите против одделни новинари), но и на границите на оваа слобода (посебно од аспект на презумцијата на невиност и повредите на проватниот и личниот живот на граѓаните).

МХЦ ќе продолжи со анализата на легислативата поврзана со слободата на изразувањето и на законите со кои се регулира ограничувањето и санкцонирањето на слободата на изразување кога таа се практикува на начин кој претставува повреда на правата и слободите на другите. Посебно внимание и понатаму ќе се посветува на присуството на говорот на омраза и нарушувањето на достоинството на човекот од страна на медиумите, новинарите или лица кои по други основи ги изнесуваат своите мислења и идеи низ медиумите.

Методологија на работењето

Организација

МХЦ ќе работи врз основа на постоечкиот Статут и во рамките на постоечката организациона структура. За исполнување на стратешки предвидените задачи ќе биде потребно зголемување на бројот на членовите на Бордот кои активно ќе бидат вклучени во водењето на конкретни проектни кативности и ќе биде потребно зајакнување на стручната служба на комитетот со постојано и повремено ангажирани адвокати и правници, како и со кадар кој ќе биде посебно ангажиран на припремата на проекти.

Во текот на наредните години ќе се работи на идејата за членство и членување во комитетот. Со оглед на изразените желби и интерес на значаен број експерти од областа на човековите права и други области блиски до неа, како и со цел градење на одржливоста на комитетот ќе се воспостави систем на членување и содавање круг на лица кои непосредно ќе ги поддржуваат активностите и акциите на комитетот.

Во наредниот период ќе се посвети внимание на развојот на подмладокот на комитетот и обуката за волонтерско делување.

Исто така ќе биде потребно обновување на мониторинг мрежата и започнување нов циклус на обука и дообука на мониторите во другите градови на државата.

Соработка и партнерство

На меѓународно ниво ќе се одржува и продлабочува заедничката работа со ИХФ, со соседните хелсиншки комитети, во рамките на постојни и нови мрежи на невладини организации кои работат на полето на човековите права (како БХРН) и со претставниците на ООН, Советот на Европа и мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

МХЦ ќе настојува да ја зголеми соработката со:

  • невладините организации на територијата на Република Македонија (преку пружање помош, непосредна соработка и заедничка работа на проекти);
  • со академски институции (Правни факултети, Полициска академија, истражувачки институти);
  • други структури и асоцијации (синдикални организации, асоцијации на стручно ниво, развојни агенции)
  • државни органи со контролна функција (Народен правобранител, Постојана анкетна комисија, Сектор за внатрешна контрола, Управа за следење на извршувањето на санкции)
  • служби кои пружаат конкретни услуги од областа на социјалата ( центри за социјална работа).

Стратешки партнери

Во моментот двете базични програмски линии (мониторингот и правната помош) се остваруваат со поддршка на Норвешкиот и Шведскиот хелсиншки комитет, и тие се појавуваат како основни стратешки партнери на Хелсиншкиот комитет и за наредниот период.

Во стратешките партнери МХЦ ги вбројува СИДА (шведската развојна агенција, УНИЦЕФ, канцеларијата на високиот комесар за човекови права во Република Македонија).

Работата на долгорочно поддржани проекти и градењето на заеднички стратешки цели со спомнатите организации треба да ја обезбеди одржливоста на МХЦ и да овозможи нејзин развој како независна организација која е во состојба да понуди алтернативни решенија во развојот на демократските институции и механизми во државата, како и да ја оствари својата функција на куче набљудувач на остварувањето на обврските на државата во областа на човековите права и слободи.

Финансирање

МХЦ ќе работи на плурализација на изворите на финансирање со цел обезбедување средства за различните програми кои произлегуваат од зацртаните цели на Комитетот.

МХЦ ќе се насочи кон барање подолгорочни извори на финансирање што би требало да  овозможи континуирана изградба на капацитетите за делување и градење на цврсто јадро на стручњаци кои ќе ја обезбедат соодветната работа на комитетот.

Во наредните години не може да се очекува поддршка од внатрешни извори на финансирање (било од Владата или некои други државни структури, било од приватниот сектор во Република Македонија). Политичката партизација на севкупната јавна сфера подразбираат партиско поврзување за организациите кои на било кој начин добиваат поддршка од страна на државата, а несоодветната законска регулатива не остава простор за донации и финансирање од страна на приватни фирми и организации.

Уникатна карактеристика на МХЦ во рамките на цивилното општество во Република Македонија е неговата улога на куче набљудувач. Оваа функција МХЦ и во наредниот период може да ја извршува единствено доколку ја задржи финансиската независност во однос на државата и на било која од политичките партии или структури во Република Македонија.

Единственоста во оваа смисла веќе се перцепира од страна на голем дел од политичките структури и посебно од страна на граѓаните и медиумите и мислењето на МХЦ се користи како постојан контролен репер во врска со случувањата поврзани со човековите права и слободи.

Ваквата позиција на МХЦ овозможува и посредна и непосредна поддршка на помали невладини организации (посебно организации кои работат со чувствителни и маргинализирани групи и кои се изложени на непријателски однос како од државата така и од јавноста).

Мониторинг и евалуација

МХЦ ќе работи на подобрување на надворешниот мониторинг и евалуација како на одделните проекти така и на севкупното работење на комитетот. Во оваа смисла ќе треба да се најдат посебни средства кои ќе овозможат редовна надворешна ревизија, со што се зголемува и кредибилитетот на организацијата во нејзиниот настап пред поширок круг донатори.

Во рамките на комитетот ќе се развијат посебни процедури за внатрешна евалуација и самооценување. Овие процедури ќе се применуваат како во врска со активностите поврзани со конкретни проекти така и во однос на генералното функционирање на комитетот (работење и односи со членовите на Бордот, експертите -консултанти, адвокатите -соработници, мониторите).

Со цел добивање информации од страна на странките ќе биде воспоставена кутија за забелешки, желби и пофалби во која секоја странка ќе може да го искаже своето мислење за начинот на кој била примена, проблемите со кои се соочила и сугестиите за можни промени.



Вести
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“
Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“.
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот  за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето  го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се  применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки.


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците


ИНТЕРВЈУ
Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет


Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

МЕДИУМИТЕ ЗА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2008

Електронски медиуми
А1 ТВ
АЛФА ТВ
АЛСАТ ТВ
КАНАЛ 5 ТВ
СИТЕЛ ТВ

Печатени медиуми
ДНЕВНИК
УТРИНСКИ ВЕСНИК
ВЕЧЕР
ВРЕМЕ

Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв.

ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год.

Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите.
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање.

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР
Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ.
СООПШТЕНИЈА
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1].

         


Aдреса: Ул. Даме Груев 8/5, П.ФАХ 58, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   •   Тел/факс: ++ 389 (0)2 3119 073, ++ 389 (0)2 3290 469   •   E-mail:
helkom@mhc.org.mk