мк      en      sq
пребарај
СООПШТЕНИЕ
По повод случајот на осомничениот родител за полов напад врз своите три малолетни ќерки, објавен во медиумите на 25.08.2010

.......................................................

Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
11-17 Септември, 2010 год
Хотел „Белведере“ Охрид
АПЛИКАЦИЈА

.......................................................

Европски суд за човекови права
СТРАЗБУР
10 јуни 2010

Случај:
Томислав Спасовски против Република Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија.

.......................................................

На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
ПРОЕКТИ
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“
12-ти април, Дом на АРМ - Скопје
Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава.

.......................................................

ПРОЕКТ
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој
Прашалникот можете да го симнете ТУКА
Општо прифатени дефиниции за облици на дискриминација
Распоред
Агенда

.......................................................

Забелешки на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација
Изработени од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија
Забелешки на предлог - Закон за здруженија и фондации

.......................................................

Охрид, 12-19 Јануари 2010 година

Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран.

.......................................................


Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

.......................................................

СООПШТЕНИЕ

20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Анализа
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

.......................................................

.......................................................

Извештај на Стејт департментот за човековите права
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.

.......................................................

60 години од Универзалната декларација за човековите права
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година.
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал.
Амнести интернешенел за Македонија:
Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права.
Извештај "Граѓански засновани анализи"

Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата

пријави се за e-mail вести
e-mail адреса:
 

АНАЛИЗА НА СУДСКИОТ СЛУЧАЈ ТУПУРКОВСКИ

 

Прифаќајќи го во целост Обвинителниот акт, Судот ги забиколил фактите кои недвосмислено одат во прилог на обвинетите, а поради фактот дека Јован Андонов и особено Васил Тупурковски се познати јавни личности и подолго време во минатото биле присутни на политичката сцена не може да се одбегне и впечатокот дека целиот случај е политизиран. Со ваквото занемарување на фактите, односно пристрасно прифаќајќи го обвинението, Судот формалноо, на драстичен начин ги повредил основните човекови права на обвинетите, неовозможувајќи им фер судење.

Обвининението, судењето и пресудата против Васил Тупурковски (за „злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3  во врска со ст.1 и во врска со чл.22 и чл.45 од КЗ“) и Јован Андонов (за „злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3  во врска со ст.1 и во врска со чл.22 од КЗ“) отворија многу дилеми кои создаваат доволно простор за сомневање дека станува збор за процес во кој фактори вон од правосудството одиграле пресудна улога во донесувањето на пресудата од страна на Основниот суд Скопје I. Имено, во целиот процес не може да се избегне сознанието дека прифаќајќи го во целост Обвинителниот акт, Судот ги забиколил фактите кои недвосмислено одат во прилог на обвинетите, а поради фактот дека Јован Андонов и особено Васил Тупурковски се познати јавни личности и подолго време во минатото биле присутни на политичката сцена не може да се одбегне и впечатокот дека целиот случај е политизиран. Со ваквото занемарување на фактите, односно пристрасно прифаќајќи го обвинението, Судот формалноо, на драстичен начин ги повредил основните човекови права на обвинетите, неовозможувајќи им фер судење.

I. Факти

Според Обвинителниот акт КО.Бр.24/05 од 4.12.2007, поднесен од Јавното обвинителство на Република Македонија – Одделение за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција (застапувано од заменик јавниот обвинител Вилма Рускоска) година Васил Тупурковски е обвинет дека „во својство на службено лице – директор на Агенцијата за обнова и развој при Владата на Република Македонија во периодот од 6.09.1999 до 25.10.1999 со искористување на своето службено овластување со намера за друг да прибави имотна корист во значителен износ“ од кредитот што Владата го добила од Меѓународната комерцијална банка на Кина од Таипеи, Тајван „на повеќе правни субјекти префрлил девизни средства во вкупен износ од 172.304,092,00 денари, на начин што склучил осум договори за одобрување на девизен кредит“. Јован Андонов според истиот обвинителен акт е обвинет дека  „Алмако Вино Био“ прибавил имотна корист во значителен износ.

Со пресудата IV КОК бр.24/07 од 6.4.2009 Основниот Скопје суд I (претседавач на Советот – судијата Јани Нича) во целост го прифаќа обвинението и го осудува Васил Тупурковски на казна затвор во траење од 3 години и надомест на штетата на Република Македонија во рок од 6 месеци од правосилноста на пресудата во износ од 89.008.917,00 денари. Со истата пресуда Јован Андонов е осуден на казна затвор од две години. Андонов и Тупурковски солидарно се осудени да го надоместат износот од 61.992.398,00 денари на Република Македонија и да ги платата трошоците за кривичната постапка.

II. Наши сознанија

Најнапред би посочиле едно, речи си емпириско сознание до кое Хелсиншкиот комитет дојде бавејќи се со низа случаи, особено од оној вид каде што постоеше простор за сомнеж дека се политички нарачани, или инструирани, наметнати од извршната власт и слично. И овој случај се одвива по шемата: обвинението го покренува одделот за организиран криминал и корупција на Јавното обвинителство на Република Македонија, случајот по таа логика дои кај мал број судии во основиниот суд (и по жалбата во апелациониот суд) кои ја покриваат оваа област, пресудите по правило ги прифаќаат обвинителните акти во целост.

Во случајов индикативен е и еден друг, многу конкретен момент во врска со заменик јавниот обвинител кој го застапува обвинението[1].

И во постапката пред Основниот суд I Скопје дојде до израз нерамноправниот третман на страните во процесот – обвинителството и одбраната. Проблем на кој како Комитет сме посочиле во многу случаи без притоа судиите да најдат за потребно да ја корегираат  својата „навика“ да го толерираат ваквото однесување на обвинителите. И на рочиштата од ова судење дојде до израз „опуштеноста“ на застапниците на обвинението кои демонстрирајќи ароганција всушност демонстрираа дека тие го диктираат развојот на ситуацијата во судницата. Како илустрација ќе ја посочиме изјавата на заменик јавниот обвинител Вилма Русковска во завршниот збор пред Судот во овој судски случај кога таа на првообвинетиот му порачува дека не го познава правото и дека мора да живее на некоја друга планета!

1. Обвинението против Васил Тупурковски, што судот во целост го прифати, имено дека префрлал пари од тајванската кредитна линија до крајните корисници, е целосно неточно и правно незасоновано.

Агенцијата е формирана со Одлука на Влада на РМ на 11.12.2008 год и е во нејзин состав. Агенција е владино тело без статус на правно лице. Со одлуката, Васил Тупурковски, освен што е именуван за директор, не добива никакви други овластувања.

На 23.07.1999 Влада на РМ склучува договор за кредит од Тајван. На почетокот на септември 1999 година парите од кредитот од Тајван се ставени на времена сметка кај Народна Банка, а од таму по налог на Агенцијата за обнова и развој (АОР) се распоредуваат по различни Македонски банки меѓу кои и Стопанска Банка.

На 10.09.1999 год. АОР и Стопанска Банка (СТ) склучуваат Договор за комисиони услуги, според кој СТ врши комисиони услуги исклучиво во име и за сметка на АОР. Според истиот Договор банката се обврзува да ги води средствата кај себе и по добивањето на Договорот за одобрување на девизен кредит треба да ја обезбеди од крајниот корисник целокупната документација предвидена со договорот за одобрување на кредит, пред да се изврши исплата на средствата на крајниот корисник.

Понатаму во Договорот се вели дека Банката ќе врши исплата на средствата од кредитот на крајните корисници и притоа ќе ги врши сите потребни работи за наплата на побарувањата од крајните корисници.

Меѓутоа, обвинението против Васил Тупурковски што судот во целост го прифатил, е дека тој префрлал пари од таканаречената тајванска кредитна линија до крајните корисници, кое што согласно претходно изложеното може лесно да се заклучи дека е правно неосновано,

Јасно е дека ниту АОР, ниту Васил Тупурковски не располагале со тие сретства и од едноставната причина дека АОР немала својство на правно лице, немала жиро сметка во Стопанска банка нити пак Тупурковски бил овластен да потпишува налози, а заради тоа тој немал депониран потпис на овластено лице во Стопанска банка. Во законот за платен промет јасно е дефинирано дека учесници во платниот промет се исклучиво правни лица или овластени за таа намена физички лица.

Според горенаведената законски регулирана ситуација и неспорната фактичка сосотојба, Тупурковски не префрлал никакви кредитни сретства до крајните корисници. Сретствата до крајните корисници ги префтлала Стопканска банка како што е законски регулирано со Законот за платен промет и законските прописи за банкарско работење, а од 15.9.1999 година, спрема договорот заклучен со АОР, прашањето е уредено во членот 4 каде децидно се предвидува дека средсвата до крајните корисници на кредитите ги префрла самата банка.

2. Обвиненито и пресудата го теретат Васил Тупурковски дека сретствата ги префрлал до крајните корисници без никаква програма. Сосема неспорно е дека политичките партии кои ги добија парламентарните избори во 1998 година тоа го заслужија со промоцијата на деталната програма која го носи истото име кое го ноесела и Агенцијата. Од своја страна, Владата имала свои програми во чија што реализација на разни начини учествувале разни министерстава и владини агенции. Ова во својство на сведоци го потврдија тогашниот премиерот на владата Љубчо Геориевски и тогашниот министерот за земјоделство Марјан Ѓорчев. Дури и актуелниот министер за земјоделие Ацо Спасеновски, кој во тоа време имал консултантска компанија за изотвување на програми за развој на земјоделството, потврди дека таа изработувала такви програми.

Во владината програма што го покрива периодот 1998 - 2002 како и во експозето на Премиерот Геориевски пред Собранието на Македонија од декември 1998 година, меѓу останатото, наведени се развојот на живинарството и откупот на грозје, односно производството на вино,  како и развојот на малите и средни претпријатија како приоритетни програмски определби на Владата. Според тоа, не точно дека немало програми кои АОР ги следела и ги реализирала. Напротив, АОР работела во целосна согласност со програмските определби на Владата. Несериознен е заклучокот на судот, во целост преземен од паушалната оценка на обвинителството дека АОР всушност работел спрема дискреционите одлуки на Васил Тупурковски, а не спрема програмските определби на Владата Паушалните обвинувања и заклучоци на судот се опасни преседани. Тие водат кон политизирање на судот и кон узурпација на основниот принцип врз кој што се заснива судската власт спрема Уставот на РМ, имено дека таа го толкува и го применува правото и дека не се меша во политиката. Дополнително,според Законот за Владата, Министерот за финансии е законски обврзан да ја следи и котролира законитоста на трошњето на финансиски сретства од страна на министарстава и владините агенции. Во ниеден извештај на Министерот, АОР не е цитирана за незаконско трошење на финансиски сретства.

3. Предмет на пресудата против Васил Тупурковски е и одобрениот кредит на фирмата Алмако Вино Био што според Судот е направено без договор и обезбедување на кредитните средства, но само со издаден налог до Стопанска банка за исплата на средствата.

Оваа конкретна точка од обвинението е и најасна за несоодветниот пристап и на судот и на обвинителот, бидејќи одобрениот инкриминиран кредит не е предмет на Договорот за комисионо работење помеѓу АОР и Стопанска банка, бидејќи истиот е подоцна склучен.

Имено, пред склучувањето на ваквиот Договор, Агенцијата за обнова и развој со допис ја известува Стопанска Банка дека дава согласност за префрлување на два милиони германски марки на сметка на Алмако Вино – БИО веднаш, при што ја овластува банката да во име на агенцијата склучи Договор со фирмата кредитокорисник со точно определени услови во однос на отплатата и гаранциите. Овој допис е потпишан од заменик директорот на Агенцијата Јован Андонов, а потврден и од страна на Васил Тупурковски.

Согласно доказите изведени во постапката, Банката постапила по првиот дел од задолженијата во дописот и ги префрлила бараните средства на сметка на фирмата, по што дополнително изготвила договор во име на агенцијата а со услови на отплата и гаранции, кој Договор не бил потпишан. Во овој случај Банката му префрлила на Алмако Вино Био средства без да склучи никаков договор при што повеќе од јасно е дека таквата постапка е целосно спротивна на законските прописи за банкарско работење и е без никаков правен основ. Тоа го потврдуваат и вештаците од Државното биро при Министерството за правда кои што констатираат дека банката морала да заклучи договор за да ги префрли сретствата. Истото го потврдува и Генералниот директор на Стопанска банка, Глигор Бишев, кој во одговор до Јавното обвинителство го информира дека банката немала правен основ да ги исплати сретствата на Алмако Вино Био.

Впрочем истото подоцна е констатирано и од страна на државниот ревизор при што по изготвената ревизија била поднесена и кривична пријава против директорот на секторот за кредитирање на Стопанска Банка во критичниот период, а поради злоупотреба на службената положба затоа што не постапил по налогот на АОР и кредитните средства за Алмако Вино не ги обезбедил согласно дадените инструкции од Агенцијата.

Ова недвосмислено го наметнува прашањето, зошто за случај кога постоеле јасни инструкции од Агенцијата за обнова и развој упатени до Стопанска Банка а кои таа ги прифатила, но не постапила по истите не само што е покренато обвинение туку претставниците на Агенцијата се огласени за виновни и казнети? Истото не може да се оправда со констатацијата на Судот во пресудата дека Договорот бил истовремено изготвен но не бил потпишан.

4. Во однос на одобрените кредитни средства на другите фирми корисници предмет на обвинението е повторно товарот за непостоење на развојни програми и соодветни обезбедувања на кредитот. Меѓутоа притоа се занемаруваат фактите поддржани и од определени сведоци дека врз основа на програмска процена во согласност со начинот на работа во АОР како иницијална инстанца за реализација на тајванската кредитна линија биле склучени првични спогодби за одобрување на кредит во кои се наведувало кои услови мора да ги исполни кредито примачот за да ги добие средствата.

Во поглед на обезбедувањето на неопходните гаранции од корисниците на кредитите пред да им се исплатат одобрените средства, обвинителот сем конкретните докази во прилог на обвинетите за секој спорен кредит го игнорирал (а Судот ја следел истата логика) и  Известувањето од Агенцијата за обнова и развој испратено до Стопанска Банка во кое изречно се вели дека доставената документација од Агенцијата до банката за одобрен кредит е валидна само доколку е проследена со документи кои се таксативно наведени (како хипотека на недвижен имот, бланко акцептни налози, барирани чекови, изјава за невршење на статусни промени на фирмата, изјава за отстапување на приливот на денарски и девизни средства... и изричита напомена дека „целокупната документација која ја поседувате не може да биде предмет на одобрување на билокакви одобрувања на кредитни линии доколку не е комплетирана целосно со овие документи“). Така што и во случаи во кои било постапувано во итност сепак не може да се заобиколи обврската на Банката која произлегува од ова Известување како и од Договорот за комисионо работење, а имено за обезбедување на соодветни документи кои ја подразбираат гаранцијата за секој одобрен кредит.

Логично се наметнува и прашањето колку е правно основан Обвинителниот акт, целосно потврден од страна на Судот, ако во него недостасува еден од актерите во целата афера - банката? И какви се заклучоци врз основа на овој неспорен факт можат да се извлечат.

5. Во случајот на одобрен кредит на фирмата ИФВ од Кочани, како отежителна околност обвинителот го третиреа, а судот го прифатил податокот дека Васил Тупурковски знаел дека ИВФ е под стечај. Судот, притоа, му дал верба на исказот на стечајниот управник дека тој “чул дека фирма под стечај не може да добие кредит”. Што е неточно. Според законот за стечај фирмите остануваат целосно деловно способни но се менува начинот на управување со поставување на стечаен управник. АОР, во согласност со програмската определба на Владата да го обнови производството ја ценела околноста дека ИВФ врз база на постигнати спогодби произведувал продукти што ги пласирал на странски иазар и саскала таа деловна ориентација да ја подржи. Фактот дека ИВФ бил во стечај и бил целосно познат и на Стопанска банка, но и таа во склад со законските прописи не го зела во предвид како незаконито пласирање на кредит.

Јасно произлегува дека Васил Тупурковски нити имал намера нити на еден начин не ги прекршил важечките законски и договорни норми. Од тоа, исто така произлегува и фактот дека судот постапил на правно незаснован начин.

IV. Наместо заклучок

Вака разбран судскиот процес против Тупурковски и Андонов е само уште пример за негативните состојби во правосудството: реформите се наполно заглавени, бидејќи не ја остваруваат основната цел - изградба на самостојно и независно правосудство професионално силно да одолее на било каков притисок на (дневната) политика. Наместо тоа имаме процес на внатрешно трулење на правосудството, процес во кој од една страна владее страв, од друга имаме бројни манифестации на речи си елементарна професионална неписменост комбинирана со огромна количина енергија и ентузијазам да им се служи на партиски интереси и цели. Дополнително, од надвор овој крајно негативен тренд се стимулира притисоци (во вид на сугестии, разбрани и како нарачки и сл.) од сферата на политиката.

 Вака сфатено владеење на правото ни од далеку не може да биде бедем за одбрана од повредувањето на базичните човекови права.

Во таа смисла Хелсиншкиот комитет е загрижен  заради тренд на судења во кои на еден или друг начин е видливо политичкото влијание. Затоа и подготвуваме компаративна анализа на неколку случаи, вклучувајќи го и овој, низ сличностите во постапките на обинителството и судството да алармираме на опасноста од враќањето на политички мотивираните судења, дури и враќањето на категоријата на ваков вид политички затвореници.

Скопје, 2.7.2009 г.

--------------------------------------------------------------------------------
[1]  Извештај за ноември 2008 посочивме: „ Кога кон крајот на јули државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, според тогашните свои овластувања донесе одлука за прераспроредување на нови работни места на тројца заменици обвинители од Одделението за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција, тој ги негираше шпекулациите во јавноста дека тоа го сторил поради незадоволството од постигнатите резултати особено на двете негови колешки Гордана Ѓешкоска и Вилма Рускоска. Посочените заменички - обвинителки инаку го застапуваа обвинението во низа, за јавноста атрактивни случаи (случаите на градоначалниците на Струмица и Аеродром  Зоран Заев и Кирил Тодоровски, „Југ“, „Змеј“, „Охис“, „Бачило“, „Змиско око“, „Тајванските кредити“...).
Во медиумите се појави и информацијата според која неименувани дипломати од Брисел го изразиле своето незадоволство со смената (цитиран е нивниот израз „деградирање“) на двете обвинителки и тоа пред да започне да работи Советот на јавните обвинители кој пред себе како една од првите работи го имаше токму изборот на обвинители во одделот за организиран криминал и неговото формирање во посебно обвинителство. Тогаш за „Дневник“ Јавниот обвинител на РМ Шврговски како причина за смената на Ѓешкоска и Рускоска ќе го наведе „нивното непрофесионално однесување во извршувањето на работните задачи“, избегнувајќи да изнесе повеќе детали.
Со новиот Закон за јавни обвинители, кој стапи во сила на почетокот на годинава, изборот и разрешувањето на сите јавни обвинители во државата премина во рацете на новото 11-члено тело, во кое партиципираат избрани обвинители, претставници од Собранието, како и Државниот јавен обвинител и Министерот за правда по функција. На конкурсот на крајот, покрај првичното одбивање се јавија и Ѓешкоска и Рускоска.
Двете поранешни обвинителки од Одделението за организиран криминал на 25 ноември на седница на Советот за јавни обвинители беа избрани за обвинителки и покрај противењето на Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, со чија одлука претходно беа разрешени. Со изборот на последните тројца обвинители, докомплетиран е целиот 10-член состав на новото обвинителство за гонење сторители од организиран криминал и корупција. Обвинителот Шврговски за „Утрински весник“ не криеше дека е разочаран од одлуката на своите колеги од Советот. Тој потврди дека гласал против изборот на Русковска и Гешковска. Зад двете обвинителки отворено застанаа Министерот за правда Михајло Маневски и претседателката на Советот Елена Гешовска со што како да се покажаа за точни шпекулациите дека разрешените заменички-обвинителки нема да бидат оставени на цедило од страна на нивните ментори.
И не треба да се биде особено видовит па да се вооочи досегашната практика сите „атрактивни“ судски случаи (оние за кои може да се изрази сомнеж за влијание на дневната политика врз правосудството) да влегуваат во судот преку поранешниот оддел за организиран криминал, сега посебното обвинителство и потоа доследно, според обвинението да бидат спроведувани преку судии кои судат токму по основ на организиран криминал. Впрочем, случаите кои ги водеа старо-новите обвинителки за организиран криминал само по себе беа најдобри примери за ваквите контраверзии”.

Вести
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“
Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“.
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот  за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето  го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се  применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки.


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците


ИНТЕРВЈУ
Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет


Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

МЕДИУМИТЕ ЗА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2008

Електронски медиуми
А1 ТВ
АЛФА ТВ
АЛСАТ ТВ
КАНАЛ 5 ТВ
СИТЕЛ ТВ

Печатени медиуми
ДНЕВНИК
УТРИНСКИ ВЕСНИК
ВЕЧЕР
ВРЕМЕ

Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв.

ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год.

Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите.
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање.

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР
Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ.
СООПШТЕНИЈА
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1].

         


Aдреса: Ул. Даме Груев 8/5, П.ФАХ 58, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   •   Тел/факс: ++ 389 (0)2 3119 073, ++ 389 (0)2 3290 469   •   E-mail:
helkom@mhc.org.mk