мк      en      sq
пребарај
СООПШТЕНИЕ
По повод случајот на осомничениот родител за полов напад врз своите три малолетни ќерки, објавен во медиумите на 25.08.2010

.......................................................

Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
11-17 Септември, 2010 год
Хотел „Белведере“ Охрид
АПЛИКАЦИЈА

.......................................................

Европски суд за човекови права
СТРАЗБУР
10 јуни 2010

Случај:
Томислав Спасовски против Република Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија.

.......................................................

На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
ПРОЕКТИ
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“
12-ти април, Дом на АРМ - Скопје
Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава.

.......................................................

ПРОЕКТ
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој
Прашалникот можете да го симнете ТУКА
Општо прифатени дефиниции за облици на дискриминација
Распоред
Агенда

.......................................................

Забелешки на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација
Изработени од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија
Забелешки на предлог - Закон за здруженија и фондации

.......................................................

Охрид, 12-19 Јануари 2010 година

Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран.

.......................................................


Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

.......................................................

СООПШТЕНИЕ

20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Анализа
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

.......................................................

.......................................................

Извештај на Стејт департментот за човековите права
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.

.......................................................

60 години од Универзалната декларација за човековите права
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година.
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал.
Амнести интернешенел за Македонија:
Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права.
Извештај "Граѓански засновани анализи"

Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата

пријави се за e-mail вести
e-mail адреса:
 

Кратко паметење

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот при Собранието на Република Македонија на 3 февруари 2009 (вторник) требаше да ја одржи својата седница на која според нивниот план за работа беше планирано да се разгледуваат Месечните извештаи на Хелсиншкиот комитет за човекови права за сосотојбата со човековите права во Република Македонија за месец октомври и ноември 2008 година како прва точка на дневниот ред (и „Разно“ како втора). Седницата беше одложена бидејќи мнозинските членови на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, по втор пат за 5 седници на комисјата, одбија да го усвојат дневниот ред. Овој пат со образложение дека „извештаите на Хелсиншкиот комитет за човекови права за месец октомври и ноември 2008 година се неосновани и не се во насока на заштита на човековите права, а се во насока на ширење чист популизам и предизборен маркетинг на опозицијата за покачување на нивниот низок рејтинг“.

          Не би ја говореле вистината доколку кажеме дека не ни претставуваше чест што Постојaната анкетна комисија, како уставна категорија, кога го утврдуваше својот годишен план за работа на втората по ред, и прва работна седница, реши редовно да ги разгледува и нашите месечни извештаи за состојбата на човековите права во земјата. И тогаш пресудни беа гласовите на партијата која има мнозинство во комисијата – владеjачката ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето кое се наметнува е зошто сега, откако претходно ја почитуваа оваа своја одлука и расправаа за наши месечни извештаи, истите парламентарци наместо да се определат за силата на аргументите (и дозволат расправа на која ќе ги изнесат своите критички видувања на извештаите, а ќе ги слушнеа и нашите аргументи) се решија за силата на мнозинските гласови, оневозможувајќи расправа. Уште полошо, кога беше повеќе од јасно дека образложението за неприфаќање на дневниот ред е само маска за материјална расправа по нашите извештаи, на членот на нашиот Борд, поканет како гостин на седницата, не му беше дадено елементарното право на одговор за да посочи дека такви тврдења нема во извештаите, туку станува збор за целосно искривување на нашите ставови.

          Бидејќи парламентарците кои ја оневозможија работата на Постојaната анкетна комисија беа прецизни дека станува збор за нивни оценки (не на целата пратеничка група, не на партијата и не на Владата) би сакале да веруваме дека станува збор само за нивна заборавеност или неинформираност кога не прогласуваат за популисти во функција на подобрување на нискиот рејтинг на опозицијата. По вонредните парламентарни избори двајца членови на нашиот Борд беа избрани на високи државни функции од парламентот во кој партијата има силно мнозинствo. Подолг период кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција делови од наши месечни извештаи беа земани и со партиско лого објавувани како платени политички огласи во дневниот печат. Тогашната власт можеби мислеше, но јавно не не прогласи за вмровци, иако ВМРО-ДПМНЕ секако во делови на нашите извештаи не чувстувала блиски до нив. Хелсиншкиот комитет убедени сме не го смени начинот на размислување и јавно делување, но членовите на Анкентната комисија од оваа партија како да демонстрираат дека едно е да си во опозиција, а друго на власт.

          Емпириски може да се докаже дека речиси се што Хелсиншкиот комитет тврдеше во јавните обраќања, а беше оспорувано од власта, по некое време ни се враќаше во форма на јасни ставови во извештаи на релевантни меѓународни фактори во овој домен. Секако цената по угледот на државата тогаш беше многу повисока. На Постојаната комисија и испративме повеќе такви извештаи. Иронијата да биде поголема за одложената седница на членовите на комисијата МВР им достави документи во кои децидно стои дека  „состојбите ... се реално отсликани“ . Станува збор за наодите на Европскиот комитет за превенција на тортура на Советот на Европа во кои има совпаѓања, кои се дел и од извештаите за кои Постојната анкетна комисија во вторникот  одби да расправа. Но, не слушнавме  дека МВР е популистичко и блиско до опозицијата.

          Затоа, партијата на власт може ако посака и да отвори војна против нас кои им ја расипуваме нивната идилична слика за земјата во која живееме. Во неа со својот авторитарен пристап може и да не уништи како невладина организација, но се сомневаме дека со тоа вистината ќе ја обои портокалово. Таквиот ментален инжинеринг не им успеа ни на далеку помоќни, и како автоктрати попаметни во историјата, па и онаа блиската во регионот.

Скопје, 5 февруари 2009

Стенограм од 5-та седница

Вести
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“
Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“.
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот  за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето  го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се  применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки.


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците


ИНТЕРВЈУ
Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет


Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

МЕДИУМИТЕ ЗА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2008

Електронски медиуми
А1 ТВ
АЛФА ТВ
АЛСАТ ТВ
КАНАЛ 5 ТВ
СИТЕЛ ТВ

Печатени медиуми
ДНЕВНИК
УТРИНСКИ ВЕСНИК
ВЕЧЕР
ВРЕМЕ

Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв.

ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год.

Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите.
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање.

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР
Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ.
СООПШТЕНИЈА
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1].

         


Aдреса: Ул. Даме Груев 8/5, П.ФАХ 58, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   •   Тел/факс: ++ 389 (0)2 3119 073, ++ 389 (0)2 3290 469   •   E-mail:
helkom@mhc.org.mk