|
 | СООПШТЕНИЕ | | |
|
....................................................... |
|
Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија 11-17 Септември, 2010 год Хотел „Белведере“ Охрид |
....................................................... |
|
Европски суд за човекови права СТРАЗБУР 10 јуни 2010
Случај: Томислав Спасовски против Република Македонија
Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија. |
|
....................................................... |
|
На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата. |
 | ПРОЕКТИ | | |
|
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“ 12-ти април, Дом на АРМ - Скопје Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава. |
....................................................... |
|
ПРОЕКТ Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој |
| Прашалникот можете да го симнете ТУКА |
|
....................................................... |
|
....................................................... |
|
Охрид, 12-19 Јануари 2010 година
Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
 | СООПШТЕНИЕ | | |
|
20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
Извештај на Стејт департментот за човековите права Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области. |
....................................................... |
|
 | 60 години од Универзалната декларација за човековите права | | |
|
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права |
Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година. |
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал. |
Амнести интернешенел за Македонија: Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права. |
Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата |
| пријави се за e-mail вести |
|
|
|
|
20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Хелсиншкиот комитет идентификуваше недостатоци во социјалната сигурносна мрежа во Македонија и смета дека Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа не покажуваат доволно капацитет, знаење, волја и желба навистина да ги извршат обврските кои им се доделени, особено во однос на правата на децата.
Врз основа на мониторингот на работата на центрите за социјална заштита во државава, Хелсиншкиот комитет ги идентификуваше главните недостатоци и предизвици во социјалната сигурносна мрежа во Македонија:
· Да се зајакне значењето и квалитетот на обезбедување на социјалните права со подобрување на соодветните услуги; · Да се зајакне институционалниот мониторинг на остварувањето на социјалните права; · Зголемување на ресурсите ставени на располагање за реализација социјалните права; · Да се изменат и подобрат постапките и управувањето на услуги и бенефиции, кои се наменети за остварување на социјалните права; · Да се подобри информирањето на граѓаните за социјалните права и начинот на нивно остварување и користење на придобивките од истите.
Постоењето на добри закони и норми не е доволно, потребно е да се има добра волја и спремност истите да се следат и спроведуваат во пракса. Во Македонија постојат голем број на пречки, вклучувајќи го и недостатокот на контрола, постоењето и адекватноста на системите за да се заштитат од не-реализација на правата, постоењето на наводен и диференцијален третман во пракса и недостатокот на одговорноста на службените лица. Македонија мора да направи трансформации во социјалниот модел, иако постои недостиг на посветеност или политичка волја на било кое ниво на извршната власт или државната администрација.
Со оглед на претходно диференцираните предизвици, а со цел нивно соодветно реализирање, Хелсиншкиот Комитет препорачува :
· Јакнење на капацитетите на центрите за социјални работи (доекипирање со стручен кадар), · Дополнителна и континуирана обука на стручниот кадар за специфични теми за работа во стручни тимови по области, · Опремување со дополнителни технички средства и простор на ниво на центрите, како и функционални и исправни службени возила, · Опремување на посебни простории за работа со жртви на семејно насилство, на сексуална експлоатација и остварување на видувањата на децата со своите родители (ваква просторија постои и се користи само во МЦСР Скопје, но и кај неа скрининг стаклото не е соодветно и истото мора да се замени), · Мобилност на персоналот со работа на терен и нивно превентивно делување за спречување на проблемите, · Издвојување на материјалните примања за социјална помош надвор од надлежноста на Центрите за социјална работа, · Развивање на партнерството и ефективна соработка на дневна основа меѓу органите за социјална заштита и другите јавни институции како меѓу себе така и со граѓанското општество, · Транспарентност во работата проследена со континуирано дистрибуирање на информации до граѓаните, · Достапност до Центрите 24 часа во итни случаи (дежурна служба) · Воспоставување на посебен систем за прибирање и анализа на податоците поврзани со секојдневните области на работа на Центрите за социјална работа (на национално и на локално ниво) · Да се укине погрешната примена на законот во однос на задолжителното пријавување, еднаш месечно, на корисникот на услугите на центрите Развојот и кризата во општеството и нивното бреме не треба да се товарот на наплата на оние кои имаат најмалку материјални средства за егзистенција. Одговорност за постигнување рамнотежа помеѓу економскиот пораст и социјалната правда секогаш е обврска на националната власт, затоа неопходно е правилно да се разјаснат и реафирмираат основните надлежности на Владата во областа на социјалната политика.
Хелсиншкиот Kомитет за човекови права на Република Македонија свесен за неделивоста и меѓузависноста на човековите права и воедно потврдуваќи ја својата заложба за промоција на социјалните права, како интегрален дел на човековите права; изврши мониторинг на работата на центрите за социјална заштита во Македонија. Обсервацијата на овие институции е извршена врз основа на Европската социјална повелба оддел. Мониторингот беше реализиран преку посета на осум центри за социјална работа во: Битола, Велес, Кочани, Куманово, Скопје, Струмица, Тетово и Штип и преку дистрибуција на прашалник до останатите центри во Македонија.
Европската конвенција за човекови права заедно со Европската социјална повелба (и Ревидираната социјална повелба) обезбедуваат луѓето, коишто се под нивна заштита, да имаат не само поднослив живот ослободен од неоправдани мешања од страна на државата, туку достоинствен живот, и секогаш кога тоа е возможно, независност. |
|
|
|
|
 | Вести | | |
|
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура. |
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“ Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“. |
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки. |
Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните. |
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците |
ИНТЕРВЈУ Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет |
Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле. |
Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв. |
ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА
Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год. |
|
Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите. |
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање. |
ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност |
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ. |
 | СООПШТЕНИЈА | | |
|
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1]. |
|