|
 | СООПШТЕНИЕ | | |
|
....................................................... |
|
Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија 11-17 Септември, 2010 год Хотел „Белведере“ Охрид |
....................................................... |
|
Европски суд за човекови права СТРАЗБУР 10 јуни 2010
Случај: Томислав Спасовски против Република Македонија
Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија. |
|
....................................................... |
|
На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата. |
 | ПРОЕКТИ | | |
|
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“ 12-ти април, Дом на АРМ - Скопје Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава. |
....................................................... |
|
ПРОЕКТ Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој |
| Прашалникот можете да го симнете ТУКА |
|
....................................................... |
|
....................................................... |
|
Охрид, 12-19 Јануари 2010 година
Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
 | СООПШТЕНИЕ | | |
|
20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
Извештај на Стејт департментот за човековите права Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области. |
....................................................... |
|
 | 60 години од Универзалната декларација за човековите права | | |
|
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права |
Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година. |
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал. |
Амнести интернешенел за Македонија: Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права. |
Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата |
| пријави се за e-mail вести |
|
|
|
|
Извештај на Стејт департментот за човековите права
Ускратена слободата на стотици милиони ширум светот
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.
Најновиот, редовен годишен извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права наведува дека минатата година на стотици милиони луѓе ширум светот им биле ускратени основните слободи од страна на нивните нивните влади. На церемонијата на објавување на извештајот, американската државна секретарка Хилари Клинтон кажа дека САД се определени да се придржуваат до сопствените идеали за човекови права. Промоцијата на човековите права е суштинска за американската надворешна политика, рече Клинтон.
Американската влада наведува дека голем број земји наметнале рестриктивни и репресивни закони против невладините организации и медиумите, наведувајќи ги Кина, Русија, Киргистан и Казакстан во тој контекст. Човековите права и демократскиот развој во Африка најповеќе биле загрозени во Зимбабве, Гвинеја и Мавританија. Стејт департментот изразува загриженост за изборите во Ерменија и Русија, како и за натамошните затворања на политички и општествени активисти во Египет, Иран, Либија и Сирија. Обиди за подобрување на ситуацијата, пак, САД забележале во Колумбија, Чиле и Аргентина.
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на нејзините граѓани, иако има проблеми во некои области. Стејт департментот ги лоцира истите во правните и полициски процедури, вклучувајќи ги тука и приведувањата за криминални дела.
Американската влада оценува дека во Македонија и натаму се одолговлекува со судските реформи, како и дека политичкиот притисок и заплашувањата негативно влијаат врз ефикасноста на судството.
Жестоката критика од владата за медиумското известување што го смета за “непатриотско“ негативно влијаела врз слободата на печатот, стои во извештајот.
Стејт департментот оценува и дека напнатоста меѓу македонското и албанското население продолжува да влијае во разни области – како образованието, вработувањето и политичкото учество.
Што се однесува до македонското малцинство во соседните земји, во извештајот за Грција стои дека грчката влада „не признава постоење на словенски дијалект, наречен `македонски` од страна на лицата кои го говорат во северозападниот дел од земјата. Мал број на лица кои говорат на словенски инсистираат да се самоидентификуваат како `Македонци`, термин што наидува на жестоко противење од страна на другите Грци“.
Американската влада го наведува тврдењето на овие лица дека грчката влада спроведува политика чија цел е да ги обесхрабри да го користат сопствениот јазик. Според Стејт департментот, владата во Атина и судовите го отфрлаат барањето на словенски групи да се идентификуваат како Македонци, со образложение дека околу 2,2 милиони етнички и лингвистички грчки граѓани исто така го користат терминот за нивно идентификување.
Во извештајот за Бугарија, под одделот „слобода на здружување“, се наведуваат проблемите со регистрирањето на ОМО Илинден. |
|
|
|
|
 | Вести | | |
|
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура. |
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“ Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“. |
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки. |
Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните. |
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците |
ИНТЕРВЈУ Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет |
Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле. |
Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв. |
ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА
Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год. |
|
Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите. |
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање. |
ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност |
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ. |
 | СООПШТЕНИЈА | | |
|
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1]. |
|