мк      en      sq
пребарај
СООПШТЕНИЕ
По повод случајот на осомничениот родител за полов напад врз своите три малолетни ќерки, објавен во медиумите на 25.08.2010

.......................................................

Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
11-17 Септември, 2010 год
Хотел „Белведере“ Охрид
АПЛИКАЦИЈА

.......................................................

Европски суд за човекови права
СТРАЗБУР
10 јуни 2010

Случај:
Томислав Спасовски против Република Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија.

.......................................................

На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
ПРОЕКТИ
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“
12-ти април, Дом на АРМ - Скопје
Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава.

.......................................................

ПРОЕКТ
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој
Прашалникот можете да го симнете ТУКА
Општо прифатени дефиниции за облици на дискриминација
Распоред
Агенда

.......................................................

Забелешки на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација
Изработени од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија
Забелешки на предлог - Закон за здруженија и фондации

.......................................................

Охрид, 12-19 Јануари 2010 година

Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран.

.......................................................


Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

.......................................................

СООПШТЕНИЕ

20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Анализа
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

.......................................................

.......................................................

Извештај на Стејт департментот за човековите права
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.

.......................................................

60 години од Универзалната декларација за човековите права
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година.
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал.
Амнести интернешенел за Македонија:
Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права.
Извештај "Граѓански засновани анализи"

Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата

пријави се за e-mail вести
e-mail адреса:
 

Тортура во Истражниот затвор „Скопје“– Скопје

На 23 Март 2009 година претставници на Хелсиншкиот Комитет  извршија посета на Затворот Скопје – Скопје. Цел на посетата беше да се испитаат наводите за постоење на случај на тортура, која се случила на  16 март во 20 часот во затвореното одделение во затворот, каде после смирувањето на меѓусебната тепачка на неколку затвореници, неколкумина надзорници продолжиле непотребно да ги малтретираат затворениците.

Делегацијата на Македонскиот Хелсиншки Комитет  при посетата се  сретна  со  Управата на Затворот Скопје – Скопје, медицинскиот персонал каде изврши и  увид во медицинските картони на затворениците, и разговараше со затворениците кои биле  подложени на тортура и нечовечко и понижувачко постапување и казнување. Од извршените разговори и добиените сознанија констатирано е дека  инцидентот настанал во понеделникот во вечерните часови, кога во затвореното одделение на истражниот затвор настанал конфликт меѓу неколку затвореници. Причина за расправијата биле кражбите кои често се случувале. Во еден момент започнатата расправија прераснала во тепачка, при што еден од затворениците, кој бил нападнат, почнал да вика и да бара помош. Откако се стивнало и се смирила настанатата ситуација во горенаведеното одделение при Затворот Скопје - Скопје притрчале стражарите. Од присутните во одделението зеле четворица затвореници, истите ги однеле во една од помошните простории каде им ги врзале рацете за радијатор, по што еден по еден ги носеле во тоалетот и ги удирале со палки. Неспорен факт е дека затворениците биле тепани најмалку од четворица стражари, додека другите нивни колеги гледале и не го спречиле инцидентот. Бројноста на стражарите кои учествувале во активното малтретирање врз затворениците, во секој случај останува предмет на докажување, кое се надеваме дека натамошната постапка ќе го утврди. Наводите за извршеното тепање и малтретирање врз затворениците делегацијата можеше да ги поткрепи и од самиот Увид во медицинската документација каде што лекарот констатирал повреди кај осудените, кои воглавно имаат модринки по телото во пределот на нозете и грбот.

Според претходно утврденото, постои основано сомнение за кривично дело Тортура, бидејќи затворениците биле непотребно малтретирани од стражарите, откако всушност се смирила состојбата и инцидентот во затворското крило, а во наведениов случај не може да станува збор за дозволена употреба на сила.

Хелсиншкиот Комитет од управата на затворот доби силно уверување дека се преземени сите мерки, но не е јасно зошто дури по два дена од инцидентот овој случај го документирала и се обратила до Управата за извршување санкции, што е законска обврска.

Во светлина на претходно изнесените наоди, Хелсиншкиот Комитет  и натаму е загрижен заради третманот на  затвореници во Затворот Скопје – Скопје,  и ги повикува националните власти бројните наводи за злоставување со нехуман и деградирачки третман на затворениците од страна на персоналот  да бидат објективно испитани и санкционирани до крај.

Вести
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“
Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“.
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот  за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето  го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се  применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки.


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците


ИНТЕРВЈУ
Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет


Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

МЕДИУМИТЕ ЗА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2008

Електронски медиуми
А1 ТВ
АЛФА ТВ
АЛСАТ ТВ
КАНАЛ 5 ТВ
СИТЕЛ ТВ

Печатени медиуми
ДНЕВНИК
УТРИНСКИ ВЕСНИК
ВЕЧЕР
ВРЕМЕ

Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв.

ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год.

Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите.
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање.

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР
Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ.
СООПШТЕНИЈА
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1].

         


Aдреса: Ул. Даме Груев 8/5, П.ФАХ 58, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   •   Тел/факс: ++ 389 (0)2 3119 073, ++ 389 (0)2 3290 469   •   E-mail:
helkom@mhc.org.mk