|
 | СООПШТЕНИЕ | | |
|
....................................................... |
|
Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија 11-17 Септември, 2010 год Хотел „Белведере“ Охрид |
....................................................... |
|
Европски суд за човекови права СТРАЗБУР 10 јуни 2010
Случај: Томислав Спасовски против Република Македонија
Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија. |
|
....................................................... |
|
На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата. |
 | ПРОЕКТИ | | |
|
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“ 12-ти април, Дом на АРМ - Скопје Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава. |
....................................................... |
|
ПРОЕКТ Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој |
| Прашалникот можете да го симнете ТУКА |
|
....................................................... |
|
....................................................... |
|
Охрид, 12-19 Јануари 2010 година
Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
 | СООПШТЕНИЕ | | |
|
20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
Извештај на Стејт департментот за човековите права Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области. |
....................................................... |
|
 | 60 години од Универзалната декларација за човековите права | | |
|
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права |
Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година. |
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал. |
Амнести интернешенел за Македонија: Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права. |
Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата |
| пријави се за e-mail вести |
|
|
|
|
ИМА ЛИ СЕКОЈ ПРАВО НА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ
Членот 6 од Европската Конвенција за човекови права предвидува дека “Секој, при определувањето на неговите граѓански права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон“.
Прашањето кое во последно време често се поставува е дали навистина сите луѓе го уживаат тоа право.
Во судската постапка на Г-нот Љубен Пауновски, кој е осуден за кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“, се појавија бројни неправилности за кои Хелсиншкиот Комитет веќе известуваше и преку своите месечни извештаи и со посебни соопштенија за јавноста[2].
Делот на пресудата со која се прогласува за виновен Љубен Пауновски е базирана исклучиво на исказот на второобвинетот Кирил Ѓоргов, поткрепен со дел од исказот на сведокот Зоран Симоновски, за наводна наредба и закани од негова страна за да ги склучи двата договори. Самиот тој второобвинет потврди дека лично тој во согласност со неговите најшироки овластувања за склучување договори за набавки на нелимитирани износи, определил на кој законски основ и во каква постапка да се извршат двете набавки и категорично тврди дека е целосно применета законитоста за двете набавки и договори.
Судот не дал образложение и не ја утврдил оваа логичка и правна противречност бидејќи невозможна е закана ако самиот второобвинет тврди дека: законитоста е целосно применета и дека тој ја определил таквата законска основа за градежниот договор според Одлуката за определување на опрема, материјали и услуги од одбранбен и безбедносен карактер.
Основниот суд во текот на постапката не допуштил да се изведат поголемиот број на предложени докази кои би придонеле до целосно нова фактичка состојба. Меѓу предложените докази е и Записник КД.бр.31/03 од 15.05.2003 г. во кого е констатирано пријавување на нелегално однесување односно крадење на документацијата од Секторот за набавки инвестиции и развој во МО од 1993 г. до крајот на 2001 г. што иако докажано службено од судот беше одбиено, а тоа претставуваше доказ зошто немаше многу документи кои беа битни за процесот.
Исто така, првостепениот суд не го спровел напатствието дадено од страна на Апелационен суд дека: Неопходно е потребно со сигурност да се утврди дали обвинетиот Владимир Талевски имал овластување од ХС Компани да ги склучува двата договори, па затоа е потребно да се прибави полномошно во оргинал од МО, бидејќи одбраната тврди дека такво полномошно постои во списите кои се наоѓаат во Министерството за одбрана. На овие и на други околности значајни за утврдување на фактичката состојба да се сослушаат поранешните сопственици на ХС Компани Зоран и Маја Симоновски како и управителот на истата фирема Сашо Стојановски. Овие сведоци, а и вештото лице по финансии ќе треба да се изјаснат дали истите располагале и користеле од средствата кои биле префрлени од МО на нивна жиро сметка и тоа во времето додека фирмата била нивна сопственост.
Во однос на сведоците Зоран и Маја Симоновски, поранешни сопственици на ХС Компани, за истите првостепениот суд само побарал известување и добил информација дека подолго време живеат во САД. Одбивањето тие да се повикаат да сведочат било со образложение дека тие веќе дале исказ, а нивното повикување само ќе ја одолговлекува постапката.
Затоа зачудува фактот дека во донесеното Решение во однос на Барањето за повторување на постапката, поднесено врз основа на правосилна пресуда против Зоран Симоновски за сторено кривично дело “Фалсификување исправа“, Основниот суд Скопје 1 утврдил дека првостепениот суд постапувајќи по напатсвијата на Апелациониот суд ги сослушал во својство на сведоци лицата Зоран и Маја Симоновски, како сопственици на ХС Компани ДОО Скопје.
Ова воопшто не е точно од причина што сведокот Зоран Симоновски има дадено изјава само во истрага, а откако се утврди дека постојат контрадикторности во изјавите и Апелациониот суд даде напатсвија тие да се сослушаат истите веќе не беа достапни на судот, така што понатаму сведокот Зоран Симоновски ниту еднаш не беше сослушан.
Со директно игнорирање на чл.406 став 3 од Законот за кривична постапка (пречистен текст) каде изрично е наведено дека првостепениот суд е должен да ги изведе сите процесни дејствија и да ги расправи сите спорни прашања на кои укажал второстепениот суд во својата одлука, од страна на Основниот суд се прави суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка. Врз основа на чл.381 ст.2 од Законот за кривична постапка, суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка постои и ако судот во текот на главниот претрес или при донесувањето на пресудата не применил или неправилно применил некоја одредба од овој закон.
Европскиот суд за човекови права во пресудата Костовски против Холандија утврдил повреда на правото на правично судење поради неможноста обвинетиот или неговиот бранител да го сослуша сведокот со образложение во однос на правата од членот 6 од Конвенцијата дека:“овие права бараат на обвинетиот да му се даде адекватна и соодветна можност да го оспори и испраша сведокот против него во време кога сведокот ја давал изјавата или во некоја подоцнежна фаза на постапката“.
При сослушувањето на сведокот Зоран Симоновски во истрага, не биле присутни ниту обвинетиот, ниту неговиот бранител и тие никогаш не добиле можност да го испрашаат сведокот или да го оспорат неговото сведочење.
Очигледно е дека повредите на начелото на правична постапка за Љубен Пауновски, од непознати причини за нас, продолжуваат и понатаму.
Свесни дека постапката за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција се поведува по барање на член на Советот, претседателот на судот, претседателот на повисокиот суд или општата седница на Врховниот суд на Република Македонија, но од друга страна очигледно е дека во текот на изминативе години истите тие не се заинтересираа да ја разгледаат работата на надлежниот судија во овој предмет, иако имаше очигледни повреди, Хелсиншкиот Комитет јавно се обраќа до гореспоменатите тела и бара да преземат конкретни мерки и конечно да поведат постапка во однос на работата на судијата во конкретниов предмет.
(10.07.2009)
-------------------------------------------------------------------------------- Решението во однос на Барањето за повторување на постапката од Основниот суд Скопје 1 Скопје -------------------------------------------------------------------------------- [1] Хелсиншкиот Комитет испрати писмо до Судскиот Совет на Република Македонија со барање да поведат постапка во однос на судиите кои работеле на овој предмет и да ја испитаат нивната работа [2] www.mhc.org.mk
|
|
|
|
|
 | Вести | | |
|
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура. |
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“ Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“. |
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки. |
Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните. |
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците |
ИНТЕРВЈУ Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет |
Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле. |
Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв. |
ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА
Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год. |
|
Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите. |
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање. |
ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност |
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ. |
 | СООПШТЕНИЈА | | |
|
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1]. |
|