|
 | СООПШТЕНИЕ | | |
|
....................................................... |
|
Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија 11-17 Септември, 2010 год Хотел „Белведере“ Охрид |
....................................................... |
|
Европски суд за човекови права СТРАЗБУР 10 јуни 2010
Случај: Томислав Спасовски против Република Македонија
Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија. |
|
....................................................... |
|
На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата. |
 | ПРОЕКТИ | | |
|
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“ 12-ти април, Дом на АРМ - Скопје Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава. |
....................................................... |
|
ПРОЕКТ Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој |
| Прашалникот можете да го симнете ТУКА |
|
....................................................... |
|
....................................................... |
|
Охрид, 12-19 Јануари 2010 година
Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
 | СООПШТЕНИЕ | | |
|
20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
Извештај на Стејт департментот за човековите права Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области. |
....................................................... |
|
 | 60 години од Универзалната декларација за човековите права | | |
|
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права |
Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година. |
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал. |
Амнести интернешенел за Македонија: Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права. |
Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата |
| пријави се за e-mail вести |
|
|
|
|
Министерот Маневски да замине!
Дури и во сфера каква што е политиката во држава како нашата постои етички минимум под кој не се може.
Хелсиншкиот комитет имаше увид во документ, чија автентичност ја провери, според кој Министерот за правда Михајло Маневски по неговата изјава дека се согласува да му се ускрати правото на пензија, Фондот за пензиско и инвалидско осигуруање од него побарало да достави три документи меѓу кои и барање дека се согласува пензијата да му се стави во мирување. Министерот во одговорот на ова писмо на Фондот поднел ново барање за мирување на пензијата од 1.5.2009 година[1]. Згора на тоа Владата на РМ до Фондот доставила документ во кој како датум за почеток на вработувањето на Маневски во Владата е евидентиран 1.5.2009 година. Овој документ ги отвара прашањата колку месеци министерот примал и плата и пензија и дали Владата ваквото кршење на законот се обидела да го покрие со неговото (наводно ретроактивно) одјавување и потоа пријавување како вработен во министерството кое го води повеќе од две години.
Изјавата на самиот Маневски за овдешните медиуми по избивањето на скандалот во која тој признава дека зел и плата и пензија за јануари 2009 е сосема доволен доказ дека Министерот за правада не го почитувал законот.
Огрешувајќи се од законот Маневски целосно го губи политичкиот кредибилитет како Министер за правда да се грижи за владеењето на правото како основна гаранција за заштита на човековите права и слободи во Република Македонија.
Оваа афера со министерот во главна улога само ги надополнува серијата гафови на Маневски во јавноста со кои тој покажа дека нема чувство за потребата од правосудство независно од дневната политика, што е основна цел на реформите на правосудството во кои главна улога има токму министерството што тој го води. Од една страна, воколку, со политичка одлука биде поштеден, ќе се демонстрира дека важи орвеловата мисла дека сите сме еднакви, ама некои се поеднакви. Од друга страна, довербата во нашето правосудство и онака сериозно разнишана, ќе биде доведена целосно во прашање. Особено заради очигледниот концепциски судир внатре во Влада со појавата на предлог законот за внатрешни работи кој во однос на улогата на полицијата и Управата за безбедност и контраразузнавање во процесот на истраги е во дијаметрална спротивност со концептот на реформи на кривичното право подготвен од експерти за потребите на Министерството за правда. По објавувањето на овој скандал, опстојувањето на Маневски на постојната функција ќе го направи во најмала рака заложник на неговите спасители, при што ќе се зацементира политичкото влијание врз правосудството од структурите на МВР.
Имајќи го предвид овој неспорен факт дека Министерот за правда не го почитувал законот, Хелсиншкиот комитет бара министерот Маневски да ја понесе политичката одговорност и да поднесе оставка од функцијата што ја врши во Владата. Воколку тој лично не ја чувствува потребата од овој императивен гест, тогаш Премиерот Никола Груевски треба да се лиши од неговите услуги.
Хелсиншкиот комитет натаму смета дека врз основа на се што во врска со овој случај беше изнесено во јавноста треба да се поведе истрага која ќе ја испита законската одговорност не само на Маневски, туку и на сите оние кои се обидоа на различни начини да ја релативизираат неговата одговорност: вработени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (службеното лице кое само пред еден месец тврдеше дека Маневски во законскиот рок се откажал од користење на пензијата, авторите на писмото во кое се тврди дека Фондот згрешил...) и владините служби (кои министерот го одјавиле и пријавиле како вработен во министерството кое повеќе од две години го води на почетокот на мај).
Скопје, 29 јуни 2009
-------------------------------------------------------------------------------- [1]Законот за изменување и доплнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој стапи на сила од 1 јануари 2009 на лицаѕа кои стекнале право на користење пензија, а се вработени им наложува да се определат да примаат или пензија или плата |
|
|
|
|
 | Вести | | |
|
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура. |
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“ Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“. |
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки. |
Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните. |
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците |
ИНТЕРВЈУ Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет |
Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле. |
Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв. |
ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА
Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год. |
|
Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите. |
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање. |
ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност |
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ. |
 | СООПШТЕНИЈА | | |
|
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1]. |
|