Corner Соопштенија

Оглас за финансиски асистент 19 Јуни 2014

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има потреба од финансиски асистент. Од избраниот кандидат/ка ќе се очекува да се вклучи во финансиското работење на Комитетот - подготовка на финансиските извештаи, подготовка на плаќања, организирање на финансиската документација, комуникација со банки, сметководство, донатори, снабдувачи и останати соработници на Комитетот. Финансискиот асистент директно ќе соработува со финансиската раководителка, но во согласност со потребите и со проектните координатори и останатите вработени и членови на Комитетот.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: 

-  дипломиран економист

-  познавања од областа на сметководство

- познавање од областа на финансиско работење во непрофитна организација

-  познавање на англиски јазик

-  познавање на работа со компјутер

-  искуство стекнато во невладина организација

Како предност ќе се смета познавање на албанскиот јазик иако истото не е задолжително. 

Работата на Комитетот е од областа на: набљудување и известување за состојбата со човековите права, набљудување на судски постапки, бесплатна правна помош, работа на случаи, преземање правни иницијативи, правни анализи, истражувања, тренинзи, семинари и конференции.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) на helkom@mhc.org.mk до 26 јуни 2014 година. По завршување на огласот, Хелсиншкиот комитет ќе стапи во контакт со потесно селектираните кандидати кои ќе бидат повикани на интервју.


Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo