Corner Соопштенија

Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право! 23 Април 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги известува граѓаните дека во недела, 26.04.2015 г.  по повод локалниот референдум за зачувување на надворешниот изглед на Градски Трговски Центар (ГТЦ), ќе ја отвори канцеларијата за граѓаните на Општина Центар да пријавуваат евентуални повреди на гласачкото право. Покрај отворената канцеларија, Комитетот ќе распореди набљудувачи на изборните места во општината, согласно објавеното Упатство на Државната изборна комисија. Набљудувачите на Комитетот ќе бидат надвор од изборните места и во комуникација со акредитираните набљудувачи на другите невладини организации кои го набљудуваат процесот. Доколку граѓаните имаат сомнение за повреда на гласачкото право во форма на агитација, заплашување или друга форма ќе можат веднаш да се обратат до наљудувачите кои ќе носат маици со логото на Комитетот. 

Граѓаните кои имаат сознанија за инциденти или други повреди, а не можат да се обратат до набљудувачите на терен ќе можат да поднесуваат пријави во текот на целиот изборен ден или од 07 до 19 часот  следниот начин:

- Пријавување на повреда на гласачкото право преку отворените телефонски линии на броевите:  (0)2 3119 073 и   078 252 812 

- Да поднесат пријава во просториите на Комитетот кој се наоѓа на ул. Наум Наумовски Борче, бр. 83, Скопје. Линк до мапа:  http://mhc.org.mk/pages/contact. 

.Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право. Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Комитетот и истите нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните кои ја пријавиле повредата

Конечно, имајќи ја предвид негативната кампања и информации за наводно откажување на референдумот во недела, ги повикуваме сите граѓани кои имаат сознанија за лица или групи кои пласираат такви или слични информации да ги пријавуваат до Комитетот. 


Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo