Corner Соопштенија

Покана: Ѕид на срамот 06 Октомври 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права има задоволство да ве покани на иницијалниот настан за проект против говор на омраза, поддржан од страна на NED (National Endowment for Democracy). На настанот ќе биде промовиран „Ѕид на срамот“, на кој ќе бидат изложени јавни ликови кои практикувале говор на омраза во јавноста, како и ширењето на говор на омраза по медиумите. Истовремено, ќе биде промовирана „Анализа на состојбите, заштитата и можностите за превенција на говор на омраза во Република Македонија“ подготвена од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Кратки излагања на настанот ќе имаат Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, Кочо Андоновски, директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка и Елена Брмбеска, проектна координаторка во Хелсиншкиот комитет. Со цел заедно да ги изложиме на Ѕидот на срамот оние кои шират говор на омраза и да го осудиме практикувањето на таков говор, Ве покануваме да ни се придружите на настанот. 

Време: 7 октомври 2015, 11:00 часот

Место: Ул. Македонија - Кафе Барселона

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo