Corner Соопштенија

Покана за прес-конференција 26 Септември 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија соопштува дека започна со спроведување на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од страна на Британската амбасада во Македонија. Главна цел на проектот е да се поддржи развој на политики и пракса  за социјална кохезија на ранливите групи и да се подобри нивниот пристап до правда.

Со цел да ја информираме јавноста и граѓаните подетално за целите на проектот, но и да ја истакнеме потребата за поддршка и вклученост на медиумите и граѓанското општество во подобрување на статусот на ранливите групи во нашето општество, на 27.09.2016 година ќе одржиме информативна прес-конференција во хотел Холидеј Ин во Скопје со почеток во 10 часот.

Воведно обраќање на прес-конференцијата ќе има Британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет, а потоа ќе следи обраќање на претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Би ни претставувало задоволство претставниците на медиумите/граѓанскиот сектор да присуствуваат на овој настан и со нивното активно учество да придонесат во развивање на дискусија.

АГЕНДА

09:45 - 10:00 - Пристигнување и регистрација на учесници

10:00 - 10:15 - Поздравен говор на Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Герет

10:15 - 10:30 - Потребата за социјална кохезија на ранливите групи во општеството

Уранија Пировска, Извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права

10:30 - 10:40 – Пристап до правда во случаи на дискриминација на ранливите групи

Неда Чаловска, Проектна координаторка во Хелсиншки комитет за човекови права

10:40 - 11:00 - Дискусија

11:00 - 11:30 - Освежување

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo