Corner Соопштенија

Повик за изработка на четири видео стории 10 Април 2017

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и диверзитет со поддршка од Британската амбасада во Скопје објавува повик за изработка на четири видео стории.

Општа цел на проектот е да се поддржи подобрувањето на политиките и праксите за социјална кохезија и диверзитет преку дебати за јавни политики поддржани со докази и воспоставување на стратешко судско застапување за пристапот до правда на ранливите групи.

Тема за видео сториите

Секоја од четирите видео стории треба да прикаже еден ден од животот на лицата со физичка и интелектуална попреченост, Ромите и жените во руралните средини. Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе изготви сценарио за секоја од видео сториите и ќе обезбеди контакт со лицата  кои ќе бидат дел од видео сториите.  

Насоки за пријавување на повикот

Кандидатите на овој повик можат да се пријават како индивидуалци или како тим.

Кандидатите кои ќе аплицираат за изработка на видео сториите  треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

Искуство во подготовка (претходно спроведени) видео стории.

Како предност ќе се смета искуство во претходна подготовка на видео стории кои се однесуваат на маргинализирани групи.

Работни задачи:

Снимање на видео сторијата.

Внесување на податоци  од анализа/истражување во видео сторијата.

Монтирање и продукција на снимениот материјал.

Презентација на видео сторијата.

Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Финансиски и експертски аранжман

За изработка на видео сториите Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе му надомести на изработувачот бруто износ од 4.000,00 фунти во денарска противвредност, сметано по курсот во месецот на исплата на средствата од страна на донаторот.

Етички напомени

Во случаи на плагијаризам, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го раскине договорот со изработувачот и ќе бара поврат на средствата уплатени за истражувањето.

Спроведувањена активностите

Временска рамка:

21 април 2017 година

Избор на кандидатите и потпишување на договорите.

21 април 2017 година – 20 мај 2017 година

Изработка, продукција и  монтирање на првата видео сторија.

25 мај 2017

Презентирање на финалната прва видео сторија на тимот на Хелсиншкиот комитет за човекови права

1 јули 2017 година – 25 септември 2017 година

Изработка, продукција и  монтирање на втората видео сторија.

29 септември 2017

Презентирање на финалната втора видео сторија на тимот на Хелсиншкиот комитет за човекови права

2 октомври 2017 година – 24 ноември 2017 година

Изработка, продукција и  монтирање на третата видео сторија.

30 ноември 2017

Презентирање на финалната третавидео сторија на тимот на Хелсиншкиот комитет за човекови права

1 декември 2017 година – 25 јануари 2018 година

Изработка, продукција и  монтирање на четвртата видео сторија.

30 јануари 2018

Презентирање на финалната четвртата видео сторија на тимот на Хелсиншкиот комитет за човекови права

Документите за пријавување  ве молиме да ги доставите на емаил адресата neda.calovska@mhc.org.mk, најдоцна до 20 април 2017 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса како и телефонскиот број 02/3119-073.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo