Corner Соопштенија

Пријавено неисплаќање на регрес за годишен одмор во чевларска фабрика во Куманово 19 Декември 2017

До Хелсиншкиот комитет пристигна пријава за повреда на работнички права во чевпарска фабрика во Куманово. Според тврдењата во пријавата, работодавачот не им исплатил на своите вработени регрес за годишен одмор за 2016 година. Согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавците имаат обврска да им исплатат на своите вработени регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата.

Неисплаќањето на регресот за годишен одмор е една од најчестите повреди на работничките права со кои се соочуват текстилните, кожарските и чевларските работнички во 2017 година.

Хелсиншкиот комитет за овој случај ќе поднесе барање за вонреден инспекциски надзор во кое ќе побара Државниот инспекторат за труд да ги испита наодите од пријавата и ќе продолжи да го мониторира случајот, односно да следи какво решение ќе донесе Државниот инспекторат на труд и дали работодавачот ќе постапи по истото.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo