Corner Press release

Повик за истражување на тема: Почитувањето на правата на бегалците и барателите на азил 29 December 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија објавува повик за истражување за почитувањето на правата на бегалците и барателите на азил во Република Македонија, како испроведувањето на законските одредби и политики за заштитата и прифаќањето на бегалците во општеството.

Наодите од спроведено истражувања ќе бидат дел од Годишен извештај за состојбата со бегалците и барателите на азил, кој е подготвен во рамките на проектот „Помош на рутата- поттикнување на заштитата на човековите права на мигрантите што поминуваат низ Македонија и Србија“ поддржан од Европската Унија, а имплементиран од страна на Фондацијата Ана и Владе Дивац- Србија во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права, Новосадски хуманитарен центар и Здружение на самарјански работници- Србија.

Истражувањето ќе вклучува:

  • 1. Спроведување на две фокус групи кои ќе се однесуваат на почитувањето односно прекршувањата на правата на бегалците, мислењето на јавноста за бегалците, како и постапувањето на институциите и вклученоста на граѓанските организации. Конкретните цели и организацијата на фокус групите ќе биде детално договорена со избраните кандидати.
  • 2. Спроведување на 10 интервјуа со претставници на институции околу политиките за прифаќање/интеграција и почитувањето на правата на бегалците

Интервјуата треба да се спроведат со претставници на државни институции кои се надлежни за остварувањето на правата на бегалците и барателите на азил во Република Македонија. Прашањата на интервјуата ќе се однесуваат на законските решенија и измени, националната стратегија за бегалци и странци (донесување и имплементација), како и останатите политики за постапувањето со бегалците. Надлежни институции со кои ќе се спроведат интервјуата: Министерство за внатрешни работи (гранична полиција, Сектор за азил), Министерство за труд и социјална политика, Центар за управување со кризи, Министерство за здравство, Народен правобранител, Локална самоуправа на Гевгелија и Куманово. Целосната содржина и методот на спроведување на интервјуата ќе биде дополнително утврден со избраните кандидати.

  • 3. Подготовка на завршен извештај со наодите од спроведените активности

Услови и начин за пријавување

На повикот може да се пријават физички лица (индивидуалци или тимови) или правни лица.

Како предност при изборот на кандидати ќе се смета искуство во спроведување на истражувања и користење на истражувачките методи (фокус групи и интервјуа).

Предвидениот вкупен буџет за спроведување на истражувањето изнесува: 1.100 евра бруто.

За да се пријавите на повикот, испратете кратка биографија (на физичките лица, за секој член на тимот одделно или правното лице) и финансиска понуда, на Elena.Brmbeska@mhc.org.mk најдоцна до 10.01.2018 година (среда), 17:00 часот со наслов (subject line) Истражување за правата на бегалците.

Предвидени рокови:

Краен рок за поднесување на апликации 10.01.2018 година
Известување на избраниот кандидат/кандидатка 12.01.2018 година
Потпишување на договор 15.01.2018 година
Краен рок за спроведување на активностите 31.01.2018 година


Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en