|
ПРОЕКТ Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој |
| Прашалникот можете да го симнете ТУКА |
|
....................................................... |
|
Охрид, 12-19 Јануари 2010 година
Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
 | СООПШТЕНИЕ | | |
|
20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето. |
....................................................... |
|
....................................................... |
|
Извештај на Стејт департментот за човековите права Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области. |
....................................................... |
|
 | 60 години од Универзалната декларација за човековите права | | |
|
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права |
Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година. |
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал. |
Амнести интернешенел за Македонија: Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права. |
Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата |
| пријави се за e-mail вести |
|
|
|
|
 | СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА | | |
|
8 Март, Светски ден на правата на жената и меѓународниот мир Меѓународниот ден на жената, 8 Март е ден со кој се прославува борбата на жената за нејзините права, за нејзино еднакво учество во политичките, економските и социјалните процеси. Одбележувањето на овој ден започнува во далечната 1910 година кога на втората меѓународна конференција на жените социјалистки одржана во Копенхаген и на иницијатива на Клара Цеткин се донесе одлуката овој ден да се празнува во чест на демонстрациите на жените ширум светот во 1903, кои се одржаа со мотото „Борба за општо право на глас“. |
...................................................................................................................................................................... |
|
Декември 2009 / Јануари 2010 |
...................................................................................................................................................................... |
|
 | Порака по повод 10 декември, Денот на човековите права | | |
|
Обединетите нации овогодинешниот Ден на човековите права го одбележуваат со мотото „Прегрни ја различноста, сопри ја дискриминацијата“. Според ООН глобално милиони луѓе страдаат обидувајќи се да се извлечат себе си од состојба на дискриминација на речи си секој свиок од нивниот дневен живот што заликува на невозможна амбиција. ООН констатира дека последниве дваесетина години трагично сме сведоци на етнички чистења и појави на геноцид, базирани на дискриминирачки идеологии, кои доведуваа до разорувања, изгон и смрт. Каде сме ние? |
...................................................................................................................................................................... |
|
На 16 ноември, Меѓународниот ден на толеранција, во Скопје се одржа првиот граѓански марш на толеранцијата. |
...................................................................................................................................................................... |
|
Членот 6 од Европската Конвенција за човекови права предвидува дека “Секој, при определувањето на неговите граѓански права и обврски или кога е кривично гонет, има право на правично и јавно судење во разумен рок, пред независен и непристрасен трибунал основан со закон“. |
...................................................................................................................................................................... |
|
Прифаќајќи го во целост Обвинителниот акт, Судот ги забиколил фактите кои недвосмислено одат во прилог на обвинетите, а поради фактот дека Јован Андонов и особено Васил Тупурковски се познати јавни личности и подолго време во минатото биле присутни на политичката сцена не може да се одбегне и впечатокот дека целиот случај е политизиран. Со ваквото занемарување на фактите, односно пристрасно прифаќајќи го обвинението, Судот формалноо, на драстичен начин ги повредил основните човекови права на обвинетите, неовозможувајќи им фер судење. |
| |
...................................................................................................................................................................... |
|
Дури и во сфера каква што е политиката во држава како нашата постои етички минимум под кој не се може. |
...................................................................................................................................................................... |
|
Порака по повод 26 јуни – Меѓународен ден на ООН за подршка на жртвите од тортура[1] |
...................................................................................................................................................................... |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
Заклучоци од Тркалезната маса на тема: Организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ на 22. 05. 2009 год. во Хотел „Арка“ Скопје На тркалезната маса на тема „Новиот Закон за внатрешни работи од аспект на правната држава“ зедоа учество претставници на академските структури, Министерството за правда, судии, адвокати и јавни обвинители, Директоратот за заштита на лични податоци, Собранието на РМ, невладиниот сектор и политичките партии. Беше оценето дека новиот Закон за внатрешни работи (ЗВР) е особено важен законски проект кој е клучен за заштитата на основните уставни права и слободи. |
...................................................................................................................................................................... |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
Инцидентот кој се случи на 28 март меѓу членовите на здружението „Прва архибригада“ на студентите на Архитектонскиот факултет во Скопје кои под мотото „Не го силувајте градот“ сакаа да ја одржат својата „Прва архитектонска офанзива“ против градбата на црква на централниот скопски плоштад меѓу некогашната Стоковна куќа и ресторанот „Дал мет Фу“ и нивните спонтано организирани неколку пати побројни опоненти кои подготвени ги дочекале на просторот на најавените мирни демонстрации е без сомнение школски пример за кршење на едно од базичните човекови права – правото на собирање и организирање[1]. Настрана тоа што ваквото самоорганизирање е уште една позајмица од времето на растот на ѕвездата на Слободан Милошевиќ – таканаречените „случувања на народот“. |
...................................................................................................................................................................... |
|
| На 23 Март 2009 година претставници на Хелсиншкиот Комитет извршија посета на Затворот Скопје – Скопје. Цел на посетата беше да се испитаат наводите за постоење на случај на тортура, која се случила на 16 март во 20 часот во затвореното одделение во затворот, каде после смирувањето на меѓусебната тепачка на неколку затвореници, неколкумина надзорници продолжиле непотребно да ги малтретираат затворениците. |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот при Собранието на Република Македонија на 3 февруари 2009 (вторник) требаше да ја одржи својата седница на која според нивниот план за работа беше планирано да се разгледуваат Месечните извештаи на Хелсиншкиот комитет за човекови права за сосотојбата со човековите права во Република Македонија за месец октомври и ноември 2008 година како прва точка на дневниот ред (и „Разно“ како втора). Седницата беше одложена бидејќи мнозинските членови на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, по втор пат за 5 седници на комисјата, одбија да го усвојат дневниот ред. Овој пат со образложение дека „извештаите на Хелсиншкиот комитет за човекови права за месец октомври и ноември 2008 година се неосновани и не се во насока на заштита на човековите права, а се во насока на ширење чист популизам и предизборен маркетинг на опозицијата за покачување на нивниот низок рејтинг“. |
...................................................................................................................................................................... |
|
| Тркалезна маса 25.11.2008 |
|
Анализа на измените на Законот за следење на комуникации и Законот за кривична постапка |
...................................................................................................................................................................... |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
 | АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА ВО ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ | | |
|
| PRESS 28.10.2008 |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
Претпоставуваме дека Хелсиншкиот комитет бил малку збунет

МВР (посредно) реагира на нашето соопштение „Континуирано игнорирање на начелото на пресумпција на невиност“ – својата реакција ја објавува на сајтот на Министерството и на свој мемеорандум ја испрака до одделни медиуми. Заборава да ни ја испрати само нам! |
|
Одговор на Хелсиншкиот комитет на реакцијата на МВР:
Некој е навистина збунет!
Мора да се согласиме дека во целава работа некој е збунет. Комитетот мисли дека тоа е МВР и тоа пореади фактот што во XXI век, во каква-таква демократска држава и при општо прифатени домашни и меѓународни норми за почитување на човековите права и постапување со пријавени лица, МВР, продолжува да произведува интерни забави и циркуски претстави за граѓаните при постапувањето со, повторуваме, само пријавени лица во преткривична постапка, а никако осомничени или осудени. |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
Хелсиншкиот комитет во контиунитет ги следи случувањата со приведувањата во последните неколку месеци/последните години[1], и со жалење констатира дека во најголем број на случаи не се почитува начелото на пресумпција на невиност кое е едно од основните постулати на кривичната постапка заштитено со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права. |
...................................................................................................................................................................... |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
Организирана од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија заедно со Министерството за внатрешни работи одржана на 24 април 2008 година во Хотел Арка во Скопје |
...................................................................................................................................................................... |
|
| Првите вонредни парламентарни избори во Република Македонија, сега без сомнение може да се констатира, беа и најлошо организираните избори во нејзината историја. |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
Организација за заштита на децата тврди: |
...................................................................................................................................................................... |
|
Во 2007 година Народниот правобранител на Република Македонија работеше по 4.068 претставки во кои се констатирани 913 повреди на човековите права и слободи. Од нив по 848 интервенции биле прифатени забелешките од правобранителот, истакна на денешната прес-конференција Народниот правобранител Иџет Мемети презентирајќи го Извештајот за работа во минатата година. |
...................................................................................................................................................................... |
|
В.Д. Претседател на Хелсиншкиот комитет во врска со извештајот за Бродец |
...................................................................................................................................................................... |
|
| Регулирањето на проблематиката за унапредување на правата на детето, во глобални рамки, достигна најголем прогрес во 1989 година, кога Генералното собрание на Обединетите Нации ја усвои Конвенцијата за правата на детето. Оваа Конвенција, прифатена и ратификувана во Република Македонија во 1993 година претставува надградба на Декларацијата за правата на детето од 1959 година, во рекордно време беше прифатена од потребниот број држави членки на Обединетите Нации и влезе во сила само една година по нејзиното усвојување. Иако еден од најшироко прифатените меѓународни инструменти во областа на човековите права, имплементацијата на Конвенцијата, сеуште претставува сериозен проблем во многу земји во светот меѓу кои и во Република Македонија. |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
 | Посебни анализи | | |
|
...................................................................................................................................................................... |
|
|
|
|
|
|
 | ПРИЛОГ | | |
|
Прилог кон јавната расправа за предлог Законите за јавно обвинителство и Совет на обвинители |
|
|
|
|
|
|
|
|
 | Вести | | |
|
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“ Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“. |
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки. |
Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните. |
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците |
ИНТЕРВЈУ Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет |
Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле. |
Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв. |
ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА
Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год. |
|
Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите. |
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање. |
ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност |
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ. |
 | СООПШТЕНИЈА | | |
|
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1]. |
|