Corner Судство

Адеми и други против Општина Гостивар и градоначалникот на Општина Гостивар 13 Февруари 2014

Основен суд Гостивар, судница 5

Број на предмет: РО бр. 121/13

Судија: Претседател на советот Јетмир Хамзаи 

Тужители: Арбен Адеми и други 

Полномошник на тужителите:

Седат Зуљбеари

Тужен:

Општина Гостивар и Градоначалникот на општината Невзат Бејта

Полномошник на тужениот: Бенјамин Селими  

Набљудувани рочишта: 

29.11.2013

Судењето започна во 13:35 часот. На подготвителното рочиште беше присутен само претседателот на советот, додека поротниците не беа присутни, но судот не ги повикал поради претходно добиена информација според која нема да бидат исполнети условите да се одржи рочиштето а се со цел да не се предизвикаат материјални трошоци. Во тој правец, претседателот на советот наведе дека полномошникот на тужениот преку писмен поднесок го известил судот дека има здравствени проблеми и дека бара одложување на денешното подготвително рочиште. Во лекарското уверение доставено до судот е наведено дека полномошникот на тужениот се жалел на главоболка и температура по што му е определено боледување во периодот од 26.11.2013 година до 30.11.2013 година.

Претседателот на советот, наведе дека до судот на ден 22.11.2013 година доставена е изјава за замешување во постапката од страна на тужителите а поднесена од Мрежата за заштита од дискриминација. Овој поднесок, од страна на судот е препратен до општина Гостивар и Градоначалникот на општина Гостивар, како тужени во постапката, но Претседателот на советот истакна дека за овој поднесок судот нема доказ дека е направена уредна достава. По ова, полномошникот на тужителите, пристапи до судот и достави дополнителни поднесоци во име на тужителите.

Во однос на замешувањето во постапката, Претседателот на советот наведе дека потребно е дополнително да се достави предлог во кој ќе се истакне правниот интерес на организациите кои бараат да се јават како замешувачи во постапката при што исто така организациите ќе овластат лице кое ќе ги застапува нивните интереси во постапката. Во продолжение, Претседателот на советот, ги извести присутните дека одлуката дали ќе се дозволи замешување или не во оваа постапка ќе биде донесена на следното подготвително рочиште.

Завршено во 14:00 часот.

Следното судење е закажано за 14.01.2014 година во 13:30 часот.


14.01.2014

Судењето започна во 13:35 часот. На подготвителното рочиште беше присутен претседателот на советот и судиите поротници. Претседателот на советот ги констатираше присутните и тоа: полномошник на тужителите, полномошник на тужените, полномошник на замешувачите и набљудувачката од Хелсиншкиот комитет. Полномошникот на тужените достави полномошно за второтужен, кое беше прифатено од страна на советот. Претседателот на советот ја повика адвокатката на замешувачите кои имаат доставено изјава за вмешување во постапката на страната на тужителите да достави полномошно за сите организации. Полномошната беа читани од страна на претседателот на советот, внесени во записник и констатирано беше дека истите се уредни. Полномошничката на замешувачите, на самото рочиште, достави поднесок за докажување на правниот интерес на здруженијата за вмешување во постапката на страната на тужителите. Од претседателот на советот беше побарано да се изјасни во врска со поднесокот и истата истакна дека се работи за здруженија на граѓани кои работат во доменот на заштитата од дискриминација подолг временски период, заедно делуваат во неформална Мрежа за заштита од дискриминација и токму затоа, а согласно одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација бараат да бидат замешувачи на страната на тужителите. Потоа, полномошникот на тужителите на судот му достави поднесок за лицата кои се вработени на местото на тужителите. Поднесокот беше доставен на судот и спротивната страна. Претседателот на советот напомена дека истиот треба да се достави и на полномошникот на замешувачите. Полномошникот на тужителите изјави дека сака да изврши прецизирање на тужбеното барање и истото ќе го стори преку писмен поднесок. Полномошникот на тужените изјави дека за сите доставени докази на денешното рочиште ќе се произнесе преку писмен поднесок. 

Во однос на одговорите за писмените поднесоци за замешувањето, судијата определи рок од 8 дена и изјави дека прво ќе се одлучува за тоа дали здруженијата ќе бидат прифатени како замешувачи, а потоа ќе започне со одржување на главна расправа.

Завршено во 13:55 часот.

Следното судење е закажано за 13.02.2014 година во 11:30 часот.


13.02.2014

Судењето започна во 11:30 часот. Присутни беа претседателот на советот и судиите поротници, записничарка. Претседателот на советот ги констатираше присутните и тоа: полномошникот на тужените, полномошникот на тужителите, полномошникот на замешувачите и четворица тужители (прв, трет, седми и осми по ред во тужбата) и набљудувачката од Хелсиншкиот Комитет. Претседателот на советот извести дека од страна на полномошникот на тужените бил поднесен писмен поднесок со произнесување во однос на замешувачите на 22.01.2014, кој бил доставен до судечкиот судија и проследен заедно со предметот на 13.02.2014. Полномошникот на тужителите и полномошникот на замешувачите изјавија дека не примиле ваков поднесок кој веднаш потоа им беше доставен на рака од страна на претседателот на советот. Престедателот на советот извести дека од полномошникот на тужителите бил поднесен писмен поднесок за прецизирање на тужба и одговор за замешувачите. Примерок од истата претседателот на советот им достави на полномошниците на тужените и замешувачите.  Претседателот на судот извести дека поднесокот поднесен од полномошникот на замешувачите веќе бил доставен до судот и до тужените што беше потврдено од полномошникот на тужените. Претседателот на советот постави прашање дали некој има да се произнесе за замешувачите, на што полномошникот на тужените побара одлагање на рочиштето со цел да се разгледаат поднесоците, проучување на листата за да може да се произнесе. Потоа полномошникот на тужителте побара одлагање на рочиштето поради доставата на поднесокот од тужените на истото, со цел негово проучување за да може да се произнесе. Полномошникот на замешувачите се согласи со одлагањето и му најави на судот дека ќе достави докази односно статутите на организациите, по писмен пат до судот за не повеќе од 8 дена. Судот донесе Решение дека рочиштето се одлага и се закажува следно за на ден 17.03.2014 во 11:30 часот, по што најави и дека ќе има толеранција до 10 минути доколку некој не е во можност да стигне порано. Претседателот на судот му укажа на поломошникот на замешувачите во врска со најавата да поднесе доказ статути, истите да ги достави до судот во рок од 8 дена за да судот може да ги достави до другата страна.

Завршено во 11:45 часот

Рочиште одложено, следно закажано на 17.03.2014

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo