Corner Судство

Хелсиншки комитет и други против Г. Митановски 18 Февруари 2014

Хелсиншки комитет, Кочо Андоновски и Марко Ковачевски против Горан Митаноски

Основен суд Скопје 1 Скопје, судница 5

Број на предмет К.бр. 1644/13

Судија: Лидија Петровска

Оштетени: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Кочо Андоновски и Марко Ковачевски      

Полномошничка на оштетените:

Наташа Бошкова, адвокатка од Скопје

Обвинет:

Горан Митаноски 

Набљудувани претреси: 

18.02.2014

Расправата започна во 10:45 часот. Судот ги констатираше за присутни обвинетиот и оштетените Кочо Андоновски и Марко Ковачевски и нивната полномошничка Наташа Бошкова, адвокатка од Скопје и утврди дека нема уредна достава за оштетениот - Хелсиншки Комитет, поради што не беше присутен овластениот застапник на Хелсиншкиот комитет. Обвинетиот веднаш истакна дека бара одложување на претресот поради потреба од лекарска интервенција. Судот ја побара на увид медицинската документација и констатира дека обвинетиот бил упатен на лекар-специјалист на 31.01.2014 година, но според наводите на обвинетот, поради отсуство на лекарот-специјалист интервенцијата не може да биде направена пред одржувањето на денешниот претрес. Со оглед дека нема уредна достава за еден од оштетените и со оглед на барањето на обвинетиот за одложување на претресот, судот одлучи да го одложи главниот претрес. Воедно го поучи обвинитетиот за правото на бранител, истакнувајќи дека во овој случај и за овие кривични дела бранител не е задолжителен. Обвинетиот одговори дека за сега нема бранител, но ако одлучи да има, ќе го извести судот преку писмен поднесок. Исто така, судот го поучи обвинетиот дека доколку е потребно повторно да му биде извршена медицинска интервенција, за тоа навремено да го извести судот, а во случај да нема уредно известување и обвинетиот да не дојде на следниот закажан претрес, судот ќе суди во отсуство на обвинетиот, поради тоа што се работи за кривични дела за кои се предвидени помали санкции. Судот донесе решение покана да се испрати на оштетениот Хелсиншки комитет и претресот да се одложи. 

Завршено во 11:05 часот.

Следното судење е закажано за 01.04.2014 година во 10:30 часот.


Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo