Corner Судство

Народот против Н.В. 19 Јуни 2014

Судија: Орце Јанковски  

Судот ги констатираше присутните: ЈО  Ратка Гоговска, оштетениот Бобан Стојановски, неговиот полномошник  адв. Миле Цветковски, обвинетата Наташа Величковска и нејзината бранителка адв. Бисера Митиќ.

Расправата беше јавна.Пред почетокот на главната расправа бранителката на обвинетата поднесе предлог за психолошко и психијатриско вештачење на обвинетата.Судијата праша од која причина адвокатката го дава овој предлог,односно од која причина бара психолошко и психијатриско вештачење на обвинетата.Бранителката на обвинетата образложи дека го дава овој предлог за да се дознае во каква состојба била таа, односно да се дознае зошто ја сменила изјавата.Таа наведе дека обвинетата не била свесна во моментот на давањето на изјавата. Судијата праша дали има медицинска документација во прилог.Бранителката наведе дека имаат медицинска документација која дополнително ќе ја достави.Судијата прашуваше што ќе се добие со тоа вештачење.

Бранителката на обвинетата предложи и нови двајца сведоци.Судијата наведе дека „горе-доле знаат кој ќе биде сведок-татко и“.

По предлогот на бранителката на обвинетата, ЈО наведе дека со обвинетата и во јавното обвинителство работеле повеќе години, бидејќи истата повеќе пати поднесувала кривични дела кои завршувале со донесување на изјави и решенија , односно ги повлекувала обвиненијата  против сега оштетениот Бобан Стојановски.Во последниот случај, обвинетата ги пријавила двете кривични дела во ОЈО Крива Паланка.По земањето на изјава од сега обвинетата, предметот бил препратен до ОЈО Куманово, поради ненадлежност на ОЈО Крива Паланка.Истиот бил вратен од ЈО Куманово, каде што била донесена изјава за откажување од гонење, со напатствија оваа кривична постапка да се поведе против Наташа Величковска, бидејќи било утврдено дека лажно ги пријавила овие кривични дела. ЈО се сложи со предлогот на бранителката за психијатриско и психолошко вештачење на обвинетата,  поради како што наведе таквото несоодветно однесување на обвинетата и наведе дека смета дека со истото би се утврдило за каква личност се работи.  

Бранителот на оштетениот се противеше на предлогот на бранителката на обвинетата и на согласноста на ЈО по истиот.Тој наведе дека смета дека немало присилба при давањето на изјавата.Наведе и дека се воделе повеќе постапки  во кои сега обвинетата се појавувала и како оштетена и како обвинета.Потенцираше  и дека во тек е и бракоразводната постапка на обвинетата.

Оштетениот за време на целото рочиште гласно дофрлуваше непристојни коментари, но ниту еднаш не беше опоменат од страна на судијата. 

Судот донесе решение да се прифати предлогот на бранителката на обвинетата за вршење на психолошко и психијатриско вештачење на обвинетата, кое ќе биде извршено во ЈУ Психијатриска Установа Скопје-Скопје. 

Судот донесе решение да се одложи расправата, а датумот и времето за идната расправа да бидат дополнително одредени по добивањето на изготвеното вештачење.  

Судијата наведе дека предлогот за сведоци ќе остане за доказната постапка, бидејќи после вештачењето може да се смени целата ситуација.  

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo