Corner Судство

19-та Седница на Уставниот суд на РМ 08 July 2015

На 08.07.2015-та година, со почеток од 09:00 часот, се одржа 19-та седница на Уставниот суд, на која присуствуваше претставник на Хелсиншкиот комитет во рамки на проектот „Надгледување на работата на Уставниот суд и процена на неговиот капацитет да постапува по уставни жалби“. За време на седницата, Уставниот суд расправаше во полн состав од 9 судии. Пред да почнат судиите со изложување на нивните реферати, судиите во полн состав гласаа за промена во дневниот ред. Мнозинството гласаше "за" и дневниот ред беше променет. Уставниот суд расправаше по следниов:

Дневен ред

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 11 став 2 алинеја 4; член 12; член 18 став 1 алинеја 10; член 26 став 2 алинеи 2, 3 и 5, став 3 и став 4; член 28; член 31 ставови 5 и 6; член 36 став 4; член 37; член 39 ставови 9, 10 и 11; член 55; член 59; член 63; член 64 став 1 и член 65 од Законот за филмската дејност (“Службен весник на Република Македонија” број 82/2013, 18/2014 и 14/2014);

Реферат У.бр.64/2014

2. Член 6 став 2, член 10 став 2 точка 3, член 21 став 2 алинеја 4, поднасловот: „Правилник за спроведување на постапката за вработување“ и член 38, член 39 став 5 алинеја 4, поднасловот: „Правилник за спроведување на постапката за унапредување“ и член 44, член 61 став 1 во делот: „или друг пропис“ и став 2 во делот: „и со друг пропис“, поднасловот: „Вредност на бодот“ и член 68, член 70 став 3, член 80 став 6, член 81 став 2, член 86 став 8, член 87 став 23, член 88 став 4, член 90 став 6, член 97 став 12, член 103 став 7, член 110 алинеја 8, член 116 став 4, член 119 алинеја 8, член 124 став 3, член 129 став 3, член 141 и член 144 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014, 156/2014, 33/2015 и 98/2015).

Реферат У.бр.160/2014

НАПОМЕНА: За оваа точка не се расправаше на 19-та седница на Уставниот суд. 

3. Член 6 ставови 1 и 3 и член 27 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.4/2005, 13/2007, 165/2008, 146/2009, 18/2011, 51/2011, 27/2014, 144/2014 и 72/2015).

Реферат У.бр.173/2014

4. Член 3 и член 109 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ брoj 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014 и 10/2015). 

Реферат У.бр.42/2015

Точка I.1 (Закон за филмска дејност) 

Судија известител: Владимир Стојаноски 

Судијата Владимир Стојаноски накратко го изложи својот реферат и изјави дека останува на предлогот, елабориран во самиот реферат. По излагањето на рефератот се отвори расправа.

За збор се јави судијката Наташа Габер- Дамјановска која истакна дека член 26 став 1 алинеа 1 е неприфатлив. Судијката Габер го праша судијата известител како би го дефинирал терминот "сопствено учество". Додаде дека се избегнува одговор за дефиницијата на овој термин од страна на законодавецот. Зборот имплицира дека самиот автор треба со свои парични средства да придонесе при продукцијата на филмот. Судијата известител Стојановски го одбегнуваше одговорот на прашањето поставено од страна на судијката Габер. Накратко објасни дека со овој закон има голем напредок за остварување на филмската дејност, и дека терминот "сопствено учество" може да се сфати како учество во некој проект и слично. Според судијата Стојановски, овој закон претставува голем напредок за филмската индустрија.

Судијката Гзиме Старова побара збор. Судијката Старова истакна дека се одлучува дали овој член е во согласност со Уставот или не, а за што се користат средствата ќе покаже праксата, а земајќи во предвид дека проектот е стриктно за филмската индустрија, може да се дојде до заклучок дека станува збор за специфичен проект. Треба да се отвори дилемата за правото на сопственост. Судијката Старова додаде дека се сложува со судијката Наташа Габер. 

Судијата Јосифовски побара збор. Истакна дека има мала печатна грешка за која стручниот соработник кој работел на овој реферат се согласи и потврди дека ќе биде поправена. Судијата Јосифовски истакна дека од друг иницијатор има барање да се разгледаат и други членови од истиот закон. Според него, треба да се поведе постапка за член 13 бидејќи е во тесна колерација со член 12. Според судијата Јосифовски, рационално е да се дискутира за членовите од истиот закон. За време на излагањето на судијата Јосифовски, стручните соработници коментираа меѓу себе доста гласно. 

Судијата Стојановски возврати и истакна дека смета дека треба да остане вака. Судијата Јосифовски цитираше дел од членот 12 и членот 13 и образложи дека ако се укине член 12, нема поента да остане дел од член 13. Судијката Габер се надоврза и истакна дека според неа најдобро би било да се спојат членовите. 

Судијката Старова се сложи со мислењето на Судијката Габер. Мислењата на судијките Габер и Старова беа прифатени од страна на судијата известител Стојановски. Судијката Старова се надоврза за член 39 од истиот закон. Претседателката на судот зема збор за истиот член, истакнувајќи дека го разбира на поинаков начин. Потоа, судијката Старова го цитираше член 26. 

Судијата Сали Мурати се надоврза, велејќи дека треба посериозно да се работи на овој закон бидејќи според него има проблем со член 26. 

Судијката Габер се надоврза и ја продолжи дискусијата и за член 12. Судијата Никола Ивановски се согласи со мислењето на судијката Габер. 

Точка I.3 (Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост) 

Судија известител: Вангелина Маркудова

Судијата Вангелина Маркудова накратко го изложи својот реферат. Се задржа на член 6 и член 27, потенцирајќи дека судот веќе има расправано за член 6 од овој закон. По излагањето никој не побара збор, и расправата се затвори. 

Точка I.4 (Закон за средното образование) 

Судија известител: Исмаил Дарлишта

Судијата Исмаил Дарлишта го изложи својот реферат. Судијката Наташа Габер побара збор и накратко го образложи својот коментар во врска со толкувањето на конвенцијата. По излагањето на судијката Наташа Габер никој не побара збор, и расправата се затвори. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en