Corner Судство

29-та Седница на Уставниот суд на РМ 09 December 2015

На 09.12.2015 година, со почеток од 09:10 часот, се одржа 29-та седница на Уставниот суд, на која присуствуваа претставници на Хелсиншкиот комитет во рамки на проектот „Надгледување на работата на Уставниот суд и процена на неговиот капацитет да постапува по уставни жалби“. За време на седницата, Уставниот суд не расправаше вополн состав од 9 судии. Отсутни беа судијата Стојаноски и судијата Ивановски.

Уставниот суд расправаше по следниов:

Дневен ред

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1.Член 108 и член 109 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“бр.27.2014, 199/2014, 48/2015 и 154/2005)

Реферат У.бр.74/2014

2.Член 26 став 2, член 82 и член 83 од Законот за локлана самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002)

Реферат У.бр.79/2015

II.БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:


1. Барање за заштита на слободи и права по предметот 

У.бр.26/2015

Точка I.1

Судија известител: Исмаил Дарлишта

Без посебно образложение овој реферат се одложи за наредната седница.

Точка I.2

Судија известител: Гзиме Старова

Судијката Гзиме Старованакраткого изложи својот реферат. Таа истакна дека подносителот на иницијативата оспорува неколку прашања од член 26 од Законот за локална самоуправа кои се однесуваат на делот на финансиите. Дополнително таа истакна дека ова прашање не било прашање за Уставниот суд и дека надлежен бил законодовецот. По краткото излагање претседателката Гошева отвори јавна расправа по рефератот.

Судијката Габер се јави за збор и истакна дека се сложува со ставот во рефератот.

Никој не побара збор.

Претседателката Елена Гошева јa  затвори расправата за втората точка.

Точка II.1

Судија известител: Исмаил Дарлишта

Судијата Дарлишта накратко го изложи својот реферат и истакна дека Уставниот суд е ненадлежен. Дополнително додаде дека овие слободи права наведени од подносителот на иницијативата не спаѓаат под заштитата на Уставниот суд и затоа предложи, инцијативата да биде отфрлена.

Судијата Јосифовски се јави за збор и истакна дека има технички забелешки на рефератот на страна 6 од истиот.

Никој не побара збор.

ПретседателкатаЕлена Гошева ја затвори расправата.

Седницата на Уставниот суд заврши во 9.40.

Видување на Хелсиншкиот комитет за седницата

Хелсиншкиот комитет смета дека седницата генерално беше водена во согласност со Деловникот на уставниот суд. Претседателката Елена Гошева ја водеше седницата коректно, давајќи им збор на сите присутни судии кои учествуваа во расправата. Претставниците на Хелсиншкиот комитет имаат забелешка што се однесува на начинот на кој судиите го презентираат својот реферат. Имено, иако рефератот во писмена форма е доставен до сите судии, неопходно е судиите известители да го образложат подетално, особено кога во судската сала се наоѓаат претставници на јавноста.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en