Corner Соопштенија

“Гледај со срцето, прифати ја различноста” 23 June 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја започнува кампањата “Гледај со срцето, прифати ја различноста” посветена на лицата со посебни потреби и нивните можности и таленти. Видеото e работено по сценарио подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и ги прикажува талентите и можностите на неколку студенти со различни попречености...

"Вечер на таленти" како дел од кампањата "Гледај со срцето, прифати ја различноста" 22 June 2017

Вечерва, 22 јуни (четврток), со почеток во 19:00 часот во Јавна соба (Public room) како дел од кампањата “Гледај со срцето, прифати ја различноста” на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, ќе се одржи настанот “Вечер на таленти” на кој ќе биде претставено видеото работено по сценарио подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во...

Повик за изработка кост бенефит анализа 09 June 2017

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот "Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и диверзитет" со поддршка од Британската амбасада во Скопје објавува повик за изработка на кост-бенефит анализа за трошоците за рекатегоризација на децата Роми во специјалните училишта и специјалните паралелки во...

КЗД утврди директна повеќекратна дискриминација во пристап до вработување 06 June 2017

Комисијата за заштита од дискриминација на 19.05.2017 донесе мислење со кое утврди директна повеќекратна дискриминација, односно дискриминација врз повеќе од еден основ. Се работи за оглас за вработување објавен на ден 23.03.2017 година на веб страната kariera.mk од страна хотелот "Глам" во Скопје, во кој се бара "женска особа на возраст од 30 до 45 години за работа во кујна - сервирање појадок...

Колумна: За жената Ромка и нејзините предизвици 05 June 2017

Пишува: Салија Беќир Халим

Жената Ромка секојдневно се соочува со предизвици и препреки кои или ќе ги надмине или тивко ќе ги заобиколи. Жената Ромка е покорна кон својот сопруг  и  останатите постари членови во семејството. Ова потекнува од традицијата, образованието, економската зависност.

Како прв предизвик го гледам образованието, кое ѝ е толку многу потребно на жената, со оглед...

Oсуда за секој чин на насилство 02 June 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија реагира на вчерашниот напад над поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, извршен од страна на дедото на починатата Тамара Димовска. Сметаме дека ваквите напади не доведуваат до никаква разрешница, туку напротив, можат да предизвикаат немири од поголеми размери. Оттука, се спротивставуваме на овој инцидент, но и на сите...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo