Corner Соопштенија

Утврдено неисплаќање на минимална плата и неутврден нормиран учинок во текстилна конфекција во Кратово 25 December 2017

По поднесено барање за вонреден инспекциски надзор од Хелсиншкиот комитет, Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Кратово утврди неправилности и недостатоци во работењето на ТПД ДЕ-ТЕКС ДОО Пробиштип - подружница бр. 1 Кратово, во поглед на неутврден нормиран учинок, исплатени плати за октомври 2017 помалку од со закон утврдената минимална плата за 43 вработени и неиздавање месечни...

Мотивација, продуктивност, комуникација - ТИМ! 22 December 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот "Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување", поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија го изработи видеото "Мотивација, продуктивност, комуникација - ТИМ!"

Видеото прикажува позитивен пример на текстилна конфекција во која се почитуваат работничките права на текстилните...

Пријавено неисплаќање на регрес за годишен одмор во чевларска фабрика во Куманово 19 December 2017

До Хелсиншкиот комитет пристигна пријава за повреда на работнички права во чевпарска фабрика во Куманово. Според тврдењата во пријавата, работодавачот не им исплатил на своите вработени регрес за годишен одмор за 2016 година. Согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавците имаат обврска да им исплатат на своите...

Декларација за борба против корупција 12 December 2017

 Меѓународниот ден против корупција, 9ти декември и Меѓународниот ден за човекови права, 10ти декември, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги одбележа со потпишувањето на Декларација за борба против корупција од страна на претставници на централната и локалната власт, како и политичките лидери на коалиционите партнери во Владата на Република Македонија.

На...

Основниот суд во Крива Паланка пресуди во корист на работничките и работниците од КАДОРО ОТТО 11 December 2017

Основниот суд во Крива Паланка нa 25.10.2017 година донесе пресуда со која го усвои тужбеното барање на 105 текстилни работнички и работници од ДПЧТ КАДОРО ОТТО ДООЕЛ експорт-импорт Крива Паланка. Судот го задолжи тужениот работодавач да им исплати на работничките и работниците вкупен износ од 1.430.856,00 денари, за неислатени плати за февруари 2017, придонеси од задолжително социјално...

Настан: Корупцијата како непосредна закана за човековите права 07 December 2017

По повод 9 декември, меѓународниот ден против корупцијата, и 10 декември, меѓународниот ден на човековите права, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има чест да Ве покани да земете учество на настанот „Корупцијата како непосредна закана за човековите права“. Целта на овој настан е двојна- да се одбележат овие значајни датуми преку споделување на мислењата за тековните...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo