Corner Соопштенија

Дали е среќен 8-ми Март?“ - трет марш по повод Меѓународниот ден на жената 08 March 2019

,,Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме дека веќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените.“ Вака започна Прогласот од третиот марш за права...

​Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација 28 February 2019

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието: неговото донесување арбитрарно се одолговлекува што ги лишува граѓаните од ефективни и ефикасни механизми кои ќе ги заштитуваат од дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат во различни области.

Досегашното законско решение не ја оствари целта, односно не придонесе кон ефикасна и ефективна...

Имаат ли работниците права во Северна Македонија? - презентација на две анализи за работничките права 28 February 2019

Хелсиншкиот комитет за човекови права на денешната прес конференција, која се одржа во хотелот Арка во Скопје, презентираше два анализи посветени на состојбата со работничките права во земјава. Конференцијата ја отвори извршната директорка, Уранија Пировска, која посочи дека Хелсиншки и пристапува на темата за работничките права со посебен ентузијазам, особено во последните три години. Според...

Промовиран вториот периодичен извештај во работата на АВМУ и АЕК во рамки на проектот PROformance Watch II 27 February 2019

Евротинк - Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, денеска го презентираа вториот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и...

Продолжување на повикот за изработка на пет видеа за проектот ,,Живот зад решетки'' 27 February 2019

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамките на проектот „Живот зад решетки!" поддржан од страна на Амбасадата на САД во Македонија, објавува повик за изработка на пет (5) видеа.Видеата ќе бидат објавени на YouTube каналот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, на веб-страната на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фејсбук и на Твитер. Видеата ќе бидат во...

Бараме итно ставање на дневен ред на Собранието на Законот за социјална заштита и дополнувањето на Законот за заштита на деца 20 February 2019

Ние, членките на Македонската платформа против сиромаштија и нашите пријателски организации, изразуваме зaгриженост за одлагањето на донесувањето на Законот за социјална заштита и дополнувањето на Законот за заштита на деца и бараме нивно итно ставање на дневен ред на Собранието.

Со оглед на алармантната ситуација со сиромаштијата во земјата, неопходно е веднаш да се отпочне со новите решенија...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo