Corner Соопштенија

Брифинг за реформите во кривично - правното законодавство 29 January 2019

Во рамките на проектот „ЗА ПРАВДА“ (FOR JUSTICE) на 28 јануари 2019 година се одржа брифинг за новинари на кој беа споделени досегашните наоди произлезени од следењето на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) и Акцискиот план. Овој проект го спроведуваат шест граѓански здруженија (Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, како носител на проектот, Институт за...

Реакција по повод изјавата на вицепремиерот Бујар Османи за Законот за недискриминација: Зошто ДУИ ги кочи евроинтеграциите? 24 January 2019

Изјавата на вицепремиерот Османи дадена на 22 јануари во ,,Топ Тема на ваша страна" и официјално ги потврди нашите сомнежи и стравувања дека блокадата на усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација во Собранието е токму поради негрижата за унапредувањето на човековите права на сите граѓани, меѓу кои и ЛГБТИ луѓето. Со изјавата се потврди перцепцијата дека и покрај смената...

Народниот правобранител со укажувања се справува со дискриминација и вознемирување 23 January 2019

Во месец октомври до Народниот правобранител поднесена беше претставка против Министерството за внатрешни работи за случај на дискриминација и вознемирување од страна на гранични полициски службеници врз основа на родов идентитет. Во случајот се работи за две транс жени од Турција кои биле вознемирувани од страна на граничната полиција по нивното слетување на аеродромот во Скопје. Двете транс...

Продолжување на повикот за ангажман на лица за следење на говор на омраза на локално ниво 16 January 2019

I. Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во декември, 2018 година, отпочна со спроведување на проектот “Следење на говор на омраза на локално ниво” финансиран од страна на Фондацијата отворено општество - Македонија.

Главната цел на овој проект е обезбедување на систем за следење на говорот на омраза на локално ниво.Преку спроведување на активностите ќе се...

​КЗД утврди директна дискриминација врз основа на религија и верско уверување 16 January 2019

Kомисијата за заштита од дискриминација, постапувајќи по преставка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, утврди дискриминација врз основа на религија и верско уверување врз девојка која носела хиџаб во пристап до ресторанот Портофино Остериа и Бар од Скопје,

На 14 септември 2018 година до Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати странка која пријави дискриминација врз основа на...

Информативни картички за работничките права 09 January 2019

Во насока на подигнување на свеста за работничките права во Република Македонија, Хелсиншкиот комитет подготви серија картички наменети за објавување на социјалните мрежи, кои содржат информации за законски уредените права на работниците и како да се постапи во случај на нивно прекршување. 

Информативните картички на македонски и албански јазик се достапни и на следните линкови:

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo