Corner Соопштенија

Повик за две обуки за новинари 16 October 2018

Хелсиншкиот Комитет во рамките на проектот: „Унапредување на известувањето за стандардите на владеење на правото во Србија, Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина“ поддржан од YUCOM и ABA Rule of Law Initiative, ќе спроведе две обуки за новинари:

Првата обука ќе биде на тема:Градење на капацитетите на новинарите за адекватно известување за судски случаи согласно стандардите на...

Позитивен епилог на пријава за прекршени работнички права 15 October 2018

Во насока на охрабрување на текстилните работнички и работници да пријавуваат случаи на прекршување на нивните права, Хелсиншкиот комитет го истакнува случајот со фабриката ХАТЕКС ДОО од Ресен, како позитивен пример на промена на однесувањето на работодавачот по извршените инспекциски надзори.

Во текот на август 2018, Хелсиншкиот комитет поднесе барање за вонреден инспекциски надзор против оваа...

Реакција за притворањето на активистката Моника Ристовска 10 October 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека одредениот 30-дневен притвор на активистката Моника Ристовска, позната како Моника Конопова, не е неопходен за водење на кривичната постапка и препорачува други видови на мерки на претпазливост заради обезбедување на присуство во постапката за сторено кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

​Одржана обука за ефективна комуникација на адвокатите со јавноста и медиумите 09 October 2018

Хелсиншкиот Комитет во рамките на проектот: „Унапредување на известувањето за стандардите на владеење на правото во Србија, Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина“ поддржан од YUCOM и ABA Rule of Law Initiative, на 3 октомври 2018 година во Hotel City Park во Скопје, спроведе еднодневна обука на тема: “Градење на капацитетите на АКРМ и адвокатите за ефективна комуникација со...

Во Скопје се одржува најголемата регионална ЛГБТИ конференција 04 October 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија е коорганизатор на најголемата ЛГБТИ конференција во Западен Балкан, заедно со Коалиција Маргини, ЛГБТИ Центарот за поддршка, ХЕРА и Субверзивен фронт. Годишната конференција на ЕРА, асоцијација која вклучува 58 ЛГБТИ организации од 9 земји во регионот на Западен Балкан и Турција, се одржува од 3 до 6 октомври во Скопје, под мотото...

​Повик за работилница за правно описменување на граѓани 02 October 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права организира двочасовна работилница за правно описменување на граѓани на тема: ,,Постапка пред Нотар, Извршител, Суд’’. Работилницата ќе се одржи на 9 октомври (вторник), во ГЕМ клубот во Скопје, од 17 до 19 часот. 

Пријавете се за учество на работилницата на телефонскиот број 072 278 436 или на електронската адреса: slavica.anastasovska@mhc.org.mk....

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo