Corner Публикации

Анализа на законската рамка во однос на правата на ЛГБТИ заедницата 25 September 2017

 ЛГБТИ Центарот за поддршка (Хелсиншки комитет за човекови права), со поддршка на институционалниот грант во рамките на програмата Civica Mobilitas, подготви Анализа на законската рамка во однос на правата на ЛГБТИ заедницата.

Оваа анализа дава краток опис на главните проблеми во легислативата, проследен со конкретни предлози за нивно надминување. Анализата е поделена на три дела со...

Годишен извештај за криминалот од омраза во 2016 година 24 July 2017

Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2016 година опфаќа 70 инциденти кои се разработени според вид, локација, време на сторување, пристрасна мотивација, број на жртви и сторители и статус на случаите и е достапна на следниов линк 

Анализа на кривично-правната заштита за кривичните дела против слободите и правата на човекот 13 January 2017

Целта на оваа анализа е да даде информација за тоа колку граѓаните ја користат можноста да пријават кривични дела против нивните права и слободи, вклучително и избирачките права, колку јавното обвинителство гони за овие кривични дела по службена должност и како постапувале судовите во постапките поведени за овие кривични дела во последните пет години. Потребата од изработка на ваква анализа...

Користење на actio popularis во случаи на дискриминација 29 November 2016

Моделот на индивидуална правда многу често претставува неефективен инструмент за докажување на структурната и институционална дискриминација. Од тие причини, при констатација за постоење на системска повреда на права, се користи правниот институт аctio popularis, кој е востановен така да претставува ефективен механизам за заштита во вакви случаи. Суштината на аctio popularis е втемелената...

Извештај од регионално мониторирање 18 November 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Албанскиот Хелсиншки комитет, Косовскиот центар за рехабилитација жртви на тортура и Српскиот Хелсиншки комитет го спроведе проектот „Регионално дејствување за подобрување на третманот кон лицата со ментални здравствени проблеми“, поддржан од страна на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Министерството за надворешни работи. 

Во...

„Моите права како бегалец“ - брошура за правата на бегалци 04 September 2016

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија изработи брошура насловена „Моите права како бегалец“  која ги содржи најважните членови за основните човекови права и слободи гарантирани со Европската конвенција за човекови права и правата предвидени во Конвенцијата за статусот на бегалците на Обединетите Нации, донесена во 1951 година. 

Таа е наменета да ги запознае...

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo