Corner Публикации

Брошура за механизми за заштита на човековите права- Знам зошто, знам како 27 Декември 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Институтот за општествени и хуманистички науки, во 2014 година направи истражување за разбирањето и познавањето на граѓаните за човековите права и механизми за заштита. Истражувањето покажа дека постои слаба или нецелосна информираност за човековите права и слободи од страна на испитаниците. Речиси 70% од нив имаа погрешни познавања за тоа што претставуваат човековите права.

Имајќи ги предвид ваквите податоци произлезени од истражувањето, се наметна потребата за изготвување на брошура за поопсежно информирање на граѓаните за нивните права и механизмите за заштита.

Темите што се обработени во брошурата ги рефлектираат потребите за едукација и информирање на граѓаните врз основа на податоците од истражувањето, но и врз основа на секојдневната работа на Хелсиншкиот комитет со граѓаните. Целта на оваа брошура е граѓаните да станат свесни дека тие се раѓаат со права што треба непречено да ги уживаат и во случај на нивно прекршување да знаат каде и како да ги заштитат. Брошурата може да ја преземете на следниов линк.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo