Corner Публикации

Анализа на законската рамка во однос на правата на ЛГБТИ заедницата 25 Септември 2017

 ЛГБТИ Центарот за поддршка (Хелсиншки комитет за човекови права), со поддршка на институционалниот грант во рамките на програмата Civica Mobilitas, подготви Анализа на законската рамка во однос на правата на ЛГБТИ заедницата.

Оваа анализа дава краток опис на главните проблеми во легислативата, проследен со конкретни предлози за нивно надминување. Анализата е поделена на три дела со цел јасно лоцирање на проблемите без да се омаловажи досега оствареното. Првиот дел ги анализира посакуваните правни решенија, како што се усвојувањето стратегија за надминување на хомофобијата и трансфобијата, измените и дополнувањата во Законот за спречување и заштита од дискриминација, Кривичниот законик и Законот за семејството, како и носењето регулатива за системско признавање на промена на полот. Во вториот дел, со цел да се добие претстава за постојната легислатива во однос на ЛГБТИ-луѓето, наведени се законските одредби и подзаконските акти што споменуваат и регулираат права поврзани со сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Конкретно, опфатени се шест закони, Законот за заштита, спречување и превенција од семејно насилство, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за јавно здравје, Законот за изменување и дополнување на Законот за семејство, Законот за правата на пациентите, Законот за високото образование, како и Правилникот за нови рекламни техники и Упатството за пласирање производи, донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Конечно, во третиот дел се претставени меѓународните искуства преку истражувања и показатели и дадени се конкретни препораки како да се надминат постојните проблеми и да се создаде атмосфера на прифаќање. Анализата се однесува на сите засегнати органи за заштита на правата на граѓаните и други не-судски тела и теми поврзани со нивната работа. Наменета е за информирање на јавноста за легислативата за човековите права и слободи на ЛГБТИ-луѓето и таа може да послужи како прирачник за законодавецот во важниот реформски период што претстои.


Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на ЛГБТИ Центарот за поддршка (Хелсиншки комитет за човекови права) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo