Corner Извештаи

Состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово за периодот 20.06.2016– 26.06.2016 година 28 Јуни 2016

Неделниот извештај за состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово ги опфаќа темите: Просторни капацитети и услови во кампот, Институционално постапување, состојбата во Прифатните центри и Нерегуларната миграција, за периодот 20.06.2016 – 26.06.2016 година и може да се преземе на следниов линк

Гевгелија 

Просторни капацитети и услови 

Во текот на седмицата во кампот се задржа бројот на бегалци кој изнесува 133, со повремено пристигнување и заминување на мал број бегалци кои се затекнати  по нелегални патишта. 

Во кампот беше одбележан Светскиот ден на бегалците, 20ти јуни, со програма за децата, која вклучуваше кловнови, детски хор од Гевгелија и рецитирање и пеење на разни песни.

Привршува изградбата на перална/сушална која ќе ја користат бегалците во кампот.  

Институционално постапување

На 25.06.2016, од кампот со амбулантно возило во болница (во Скопје и во Струмица одделно) се пренесени две бремени жени поради потешкотии во бременоста. 

Во текот на седмицата, вкупно 19 бегалци (меѓу кои жени и деца) се пренесени на грчка територија, откако биле затекнати на илегални патишта и им е укажана хуманитарна и медицинска помош во кампот. 

Куманово 

Просторни капацитети и услови 

И во кампот Табановце беше одбележан Светскиот ден на бегалците, со дневна програма за децата и вечерна програма за сите бегалци. 

Бројот на бегалци во кампот од 100 во почетокот на седмицата се намали на 90, до крајот на седмицата. 

Институционално постапување 

Одделни семејства или бегалци своеволно го напуштаат кампот, со цел да ја напуштат државата. Некои од нив се врќаат во кампот по неуспешен обид и загрозена состојба поради високите температури, додека некои не се враќаат, по што се претпоставува дека ја поминале границата. 

Помала група на бегалци од кампот се обиде да го напушти кампот со воз, но беше спречена од страна на полицијата. Две семејства од кампот со потекло од Авганистан го напуштија кампот и не се вратија. 

Состојба во Прифатните центри во Република Македонија 

Во Прифатниот центар за баратели на азил – Визбегово во моментот се наоѓаат 13 бегалци, додека во Прифатниот центар за странци- Гази Баба се наоѓаат 35 лица. Во Безбедната куќа се згрижени 11 бегалци. 

Нерегуларна миграција 

Во текот на седмицата, Министерството за внатрешни работи регистрира само еден кривично-правен настан поврзан со криумчарење мигранти, кој се случил во околината на с. Меџитлија. При настанот, фатени се 3ца осомничени против кои се поднесени кривични пријави, а како жртви се затекнати 9 бегалци со потекло од Авганистан. 


„Овој извештај е овозможен со поддршка од Фондација Отворено Општество- Македонија (ФООМ) во рамките на проектот „Подобрување на правната заштита за мигрантите и барателите на азил во Република Македонија“. Содржината на извештајот е одговорност на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и не ги изразува ставовите на ФООМ“.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo